Спасов побара Заев да преспива во зградата на општина Струмица

Понеделник, 18 Мај 2015

Душан Спасов на денешната прес конференција повторно побара градоначалникот Заев да свика седница

Душан Спасов, член на Советот на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција повторно побара градоначалникот Заев да свика седница и да даде одговор на многу прашања.


Интегрален текст од прес конференцијата:


„Минатата недела граѓаните на општина Струмица преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица го повикаа Заев да се појави и да се соочи со сите нас. Но, наместо да дојде и да се соочи со граѓаните, Заев постојано бега.


Таканаречениот градоначалник им должи на струмичани многу одговори на секојдневните обвинувања за тешки корупциски скандали во кои тој и неговата тајфа се главните фаци.


Заев бега од одговорноста да даде одговори на многу прашања и бега од обврската да биде во служба на струмичани и да ги решава проблемите на општина Струмица.


Наместо да го работи она за што е платен, од парите на граѓаните, нему му е поважно да си прави пикник во шатори пред Владата и да постира слики по социјалните мрежи.


Таквото неодговорно однесување македонската политичка сцена не памети.


Почитувани граѓани, со жалење мораме да констатираме дека со таквото негово однесување, Струмица ја стави на столбот на срамот и е предмет на потсмев во државата и регионот.


Ако барем малку има чувствоство за одговорност таканаречениот градоначалник веднаш да дојде во Струмица и да почне да преспива во зградата на Општина Струмица и да се занимава со проблемите на струмичани.


Воедно го повикуваме Заев под итно да свика седница на Советот на општина Струмица и да даде одговор на многу прашања кои ги мачат граѓаните на општина Струмица. Доколку не го направи тоа во најкраток рок, потребно е да има доблест и да си даде оставка“ - изјави Спасов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмичката болница, нов директор е доктор Катерина Кузмановска

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмич…

Јан 21, 2021 Вести

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македон…

Јан 20, 2021 Магазин

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...