Анкета на НОВУС: Општина Струмица - отчетна, партиципативна и транспарентна општина по мерка на граѓаните

Понеделник, 18 Мај 2015

Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани

 

Целта на овој проект е да се дојде до релевантни и сеопфатни податоци за тоа колку граѓаните и граѓанскиот сектор се задоволни од услугите што ги нуди единицата на локалната самоуправа, како и да се детектираат евентуалните слабости во работењето на општината во насока на транспаретно, отчетно и ефикасно работење. Воедно со овој проект ќе се настојува да се поттикне здружено делување на НВО организациите од општина Струмица во насока на заеднички пристап кон мобилизирање на што поголем број на граѓани да се поттикнат да бидат коректив на локалната власт и активно да влијаат врз работата на општината.


Финалниот продукт, студијата од истражувањето, ќе биде документот кој што ќе биде дистрибуиран до сите локални и владини институции, НВО организации и граѓани, преку кои ќе се поттикне партиципативноста на граѓаните во процесот на донесување на одлуки.


Еден од начините за собирање на податоци за успешна имплементација на проектот е анкетирање на околу 250 граѓани во сооднос 60% од градот и 40% од руралните места, запазувајќи го соодносот 50% мажи и 50% жени. Тоа е репрезентативен примерок преку кој ќе се добие јасна слика за тоа колку граѓаните, сметаат дека општина Струмица е отчетна и транспарентна општина по мерка на граѓаните.


Здружението „НОВУС“ како организација која што делува на локално, регионално и национално ниво, го имплементира проектот „Општина Струмица – отчетна, партиципативна и транспарентна општина по мерка на граѓаните”, кој што е дел од „Мрежата од граѓански организации за ефикасно активно учество”, спроведуван од страна на Фондацијата Метаморфозис, финансиран од Европската Унија.


Анкетата можете да ја пополните на следниот линк >>>

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...