Регионален натпревар „Детски семафор 2015“ во Струмица

Сабота, 09 Мај 2015

Струмица победник во регионалниот натпревар по сообраќај „Детски семафор“

Во општинското основно училиште „Видое Подгорец“ во Струмица, денеска се одржа регионалниот натпревар по сообраќај „Детски семафор 2015“.

Добредојде на сите присутни, а успех во натпреварот на учесниците им посака директорот на училиштето, Леонид Танчев.


„Сообраќајните натпревари на учениците од основните и средните училишта имаат за цел пошироко да ги ангажираат учениците за стекнување и проширување на знаењата од областа на сообраќајно – техничката култура, како завршен дел од работата на сообраќајно – техничкото образование и воспитување на учениците изведени низ редовните наставни содржини и воннаставни активности“ - рече Танчев.


На натпреварот учествуваа ученици од Струмица, Радовиш, Валандово, Богданци и Гевгелија и тоа 20 учесници во мала група, 10 во голема и 9 учесници од средните училишта. Тие се натпреваруваа во полагање писмен дел и во вешто возење на велосипеди на посебен полигон.


На овој регионален натпревар, Струмица го освои првото место, а со освоените први места во своите категории, Сара Стојанова ученичка од основното училиште „Сандо Масев“ и Филип Певкев ученик од основното училиште „Маршал Тито“, станаа членови на екипата која ќе учествува на државниот натпревар кој што ќе се одржи во Скопје.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...