Пратеникот Пишев донираше опрема на атлетичарката Катерина Димовска

Сабота, 09 Мај 2015

Toj денеска донираше спортска опрема во вредност од 60.000 денари на атлетичарката Катерина Димовска

Пратеникот Васил Пишев продолжува со хуманата мисија. Toj денеска донираше спортска опрема во вредност од 60.000 денари на атлетичарката Катерина Димовска.


„За Катерина Димовска дознав од прилог на една од националните телевизии. Прилогот беше дека Кате е импресивен маратонец со високи постигнати резултати во тој спорт, но исто така прилогот беше и дека Кате се соочува со финансиски проблеми, како во животот така и во нејзината кариера. Морам да признам дека прилогот емотивно го доживеав. Неколку дена после прилогот направив контакт со Кате, и бев во нејзиниот дом и таму забележав дека Кате живее во многу скромни и оскудни услови за живот. Но ги забележав нејзините бројни признанија и медали и затоа решив да и помогнам колку можам и да и донирам спортска опрема која ќе и овозможи да се натпреварува на престојниот скопски маратон. Ќе настојувам јас лично и навладината организација „Граѓаните пред се“ од Струмица, која се занимава со хуманитарни активности и организација која ја води мојата сопруга Гордана Пишева на семејството на Кате да донираме повеќе работи, како на пример неопходна покуќнина, неопходни кујнски апарати, бољер...“ - вели Пишев.


Веќе разговарав и со директорот на Агенцијата за млади и спорт и се договоривме како може да и се помогне на Кате и од таа институција. Кате е голем талент и заслужува да и се помогне.


„Му благодарам на пратеникот Васил Пишев кој ми ја подари оваа опрема. Јас го сакам спортот и трчањето, сакам и да му се заблагодарам и на директорот на „Евроинс осигурување“, господинот Јанко Николов, кој е и маратонец. Јанко ми донираше спортски часовник, тој го мери мојот пулс кога трчам, и ми е многу важен и истиот го користат професионалните маратонци“ - вели 27-годишната Катерина Димовска.


Димовска со трчање се занимава од 2005 година, поточно од средно училиште, кога нејзиниот талент го препознала професорката по физичко воспитување. Таа во нејзината кариера има голем број на трки на Балканот и во Македонија.


Во 2008 година е прогласена за спортист на Град Скопје и беше стипендист на Агенцијата за млади и спорт. До сега има учествувано на 24 трки, 9 маратони, 8 полумаратони, 1 ултра маратон и на други маратони на кратки патеки од 3, 5 и 10 км, има освоено 38 медали, 6 пехари, и најчесто е на прво, второ или трето место.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

Јун 16, 2021 Веб Билборд

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица итно има потреба од девојка за работна позиција помошничка на пица мајстор. Пријавување и повеќе информации на: 0...

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат раскрсницата пред зградата на Општина Струмица

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат…

Јун 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор на иницијативата „Култура или Фис-култура“ ја информира струмичката јавност дека утре, (среда, 16 јуни), од 11:00 до 13:00 часот ...

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти на карневал во Албанија

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти н…

Јун 13, 2021 Вести

Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-те...

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

Јун 13, 2021 Веб Билборд

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот. Пријавување на Facebook и Instagram профилите на бутикот: www.facebook.com/AngelsStrumica www.instagram...

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за непосредни средби со граѓаните

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за …

Јун 12, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. ...

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Јун 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Трет ден блокирана главната раскрсница пред ТЦ „Глобал“ во Струмица. Блокадите кои ги има во повеќе градови во терминот од 15 до 17 часот се организир...

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, кај него пронајдено марихуана и малолетничка која живеела во неговиот дом

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, к…

Јун 09, 2021 Вести

Денеска во Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(36) од Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска на...

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднаквост во фудбалот

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднакв…

Јун 08, 2021 Вести

Во организација на ЖФК „Тиверија“, а со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Струмица, денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ ...