Вечерва промоција на книги од починатиот писател Иван Василевски

Сабота, 09 Мај 2015

Вечерва во Домот на АРМ во Струмица, од 19:30 часот постхумно ќе бидат промовирани двете последни книги од новинарот и писател Иван Василевски

Вечерва во Домот на АРМ во Струмица, од 19:30 часот постхумно ќе бидат промовирани двете последни книги од новинарот и писател Иван Василевски, „Сликање на ангелот“ и „Манастир во зборот“.


За Иван Василевски ќе говорат: Ефтим Клетников, Ѓорѓи Барбаровски, Ана Витанова Рингачева, Васе Манчев, Милован Стефановски, Иван Котев, Коте Тасевски, Илија Велев, Иван Глигоровски и Ѓорѓи Калајџиев, а стихови од поезијата на Василевски ќе чита неговата ќерка Наташа Василевска Трајчевска.


Иван Василевски почина на 28 март годинава. Роден е во селото Босилово, Струмичко, во 1947 година. Работеше како новинар во Македонското радио - Радио Скопје, беше директор на некогашната Радио Струмица, дописник на некогашната југословенска новинска агенција ТАНЈУГ, а пред пензионирањето работеше во Македонската информативна агенција МИА. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и активен член во работните тела на Друштвото на писателите на Македонија. Во два мандата беше член на Претседателството на ДПМ.


Иван Василевски е добитник на годишната награда „Григор Прличев 2013“ на „Просветно дело“, за најдобра необјавена поема, насловена „Азбукословецот“. Тој е добитник и на наградата за животно дело во 2013 година, што општина Струмица му ја додели за особен придонес во областа на литературата, публицистиката и новинарската професија.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...