Во Струмица денеска и утре се одбележува Денот на Европа

Петок, 08 Мај 2015

Општина Струмица, ЕУ инфо точка Струмица и Европската унија, денеска и утре го одбележуваат Денот на Европа, 9-ти мај

Општина Струмица, ЕУ инфо точка Струмица и Европската унија, денеска и утре го одбележуваат Денот на Европа, 9-ти мај.


Во Домот на АРМ на пладне се одржа свечена програма, а за значењето на Денот на Европа говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.


„Имам задоволство да ве поздравам сите Вас во пресрет на утрешниот двоен празник, во пресрет на утрешните два јубилеја, кога сите слободољубиви и прогресивни граѓани на Европа ќе ги одбележат 70-годишнината од победата над фашизмот и 65-годишнината од поставувањето на темелите на современа и обединета Европа. 9 мај 1945 и 9 мај 1950 година се датуми кои со различни, но светли бои ја илустрираат европската историја, и истата, од година во година, колоритно ја надградуваат со нови различни содржини. Тоа шаренило од бои, ја прави Европа посебна и единствена, и како таква претставува позитивен урнек за привлекување на различностите. Ако се знае дека Република Македонија, од една страна учествувала во антифашистичката борба, а од друга страна, безмалку две и пол децении континуирано го апострофира својот стремеж за евроинтегрирање, тогаш утрешните два јубилеја, со право ги чуствува за свои. Токму од тие причини, веќе трета година по ред, Општина Струмица во соработка со ЕУ Инфо точка, на пригоден начин, со показ на креативноста на младите струмичани, го одбележува 9 мај – Денот на Европа. Нашава земја, Република Македонија, непосредно по периодот од нејзиното осамостојување па се до денешни дни, недвосмислено ги истакнува своите аспирации да биде обединета во тие разлики, истакнувајќи ги белезите на своето битисување. Тој долгогодишен сон кој е поткрепен со постојан консензус од сите релевантни фактори во земјава, за жал сеуште останува недосонуван до крај, поради низа надворешни и внатрешни фактори. Но надежта дека тој сон еден ден ќе стане убаво јаве, е нешто што никој не може да ни го одземе. За остварување на таа цел потребни се верба, макотрпна работа за надминување на постоечките бариери, како и доследно почитување и исполнување на сите утврдени европски вредности. Убеден сум дека сите ние ќе бидеме сведетели на тој ден, кој ќе значи голем исчекор за Република Македонија и нејзините граѓани“ - рече меѓу другото во своето обраќање Христов.


Во богатата програма по повод Денот на Европа учествуваа ученици од општинските основни и средни училишта, музичкото училиште „Боро Џони“, децата од градинката „Детска радост“, Студиото за модерен балет „Газели“ и Центарот за странски јазици „АБЦ“.


Утре, по повод двата јубилеја, од 10:00 часот, пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот Градски парк во Струмица, ќе се одржи свеченост.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...