Прва седница од новата сала на Советот на општина Струмица

Четврток, 07 Мај 2015

На почетокот од седницата, претседателот на Советот, Јосиф Христов, на членовите на Советот им посака добредојде во новата сала

Советот на општина Струмица, денеска од новата преадаптирана конференциска сала во Домот на АРМ во Струмица ја одржаа „првата“ редовна 27-ма седница.


На почетокот од седницата, претседателот на Советот, Јосиф Христов, на членовите на Советот им посака добредојде во новата сала, истакнувајќи дека со неа се подобруваат условите за работа, но и се зголемува транспарентноста, затоа што на седниците ќе можат да присуствуваат и граѓани, претставници на невладини организации и Здруженија, на меснизаедници од општина Струмица.


На денешната седница, беше усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струмица за првиот квартал од 2015 година, според кој реализацијата на буџетот изнесува 24% во однос на планираните приходи.


Беа усвоени и Акциониот план за ставање под контрола на вектор – преносливите заболувања за 2015 година, предлог одлуките за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица, за давање согласност за купување на недвижност од страна на општина Струмица, за давање на користење на објект - Општинско фудбалско игралиште со вештачка трева, за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2015 година, како и ценовникот за работа на работната единица „Водовод и канализација” при ЈПКД „Комуналец”.


Членовите на Советот усвоија и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот, годишните сметки со финансов извештај на општинските основни училишта „Даме Груев“ од Куклиш, „Маршал Тито“ од Муртино, „Герас Цунев“ од Просениково и Музичкото училиште „Боро Џони“ за 2014 година, како и повеќе решенија за разрешување и именување на претставници на општина Струмица во училишните одбори на општинските основни училишта.


На седницата беше усвоен и извештајот од процена на штета од природна непогода - поплава од дејство на внатрешни води на подрачјето на Општина Струмица во периодот февруари – март 2015 година.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...