И во Струмица утре протест - „Стоп за полициската бруталност“

Среда, 06 Мај 2015

По вчерашните и денешните протести во Скопје, Битола и Прилеп, за утре е најавен протест и во Струмица

По вчерашните и денешните протести во Скопје, Битола и Прилеп, за утре е најавен протест и во Струмица, насловен „Стоп за полициската бруталност“. Протестот ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.


Организација на жени од Струмица се приклучува на утрешниот протест против полициската бруталност


„Згрозени од потресните слики на употреба на прекумерна и брутална полициска сила против жени, млади, против граѓани кои во секоја демократска држава, освен кај нас, имаат право на изразување на незадоволството, Организација на жени од Струмица, како граѓанска организација дава поддршка и се приклучува на утрешниот мирен протестен марш во Струмица против полициската бруталност.


Апелираме до сите мајки, сестри, сопруги, до граѓаните без разлика на етничка, национална, партиска или друга припадност по било кој основ, утре во 18:00 часот да дојдат на плоштадот „Гоце Делчев“ и сите заедно на мирен и достоинствен начин да речеме „СТОП“ на насилството кое го врши полицијата, но и јасно и гласно да кажеме дека веќе не сакаме да живееме во општество во кое владее страв, закани и уцени.


Не смееме да дозволиме да згасне уште нечиј живот од раката на полицијата, како што згасна животот на 21-годишниот Мартин!


Затоа СТРУМИЧАНИ, утре сите гордо и достоинствено да покажеме дека сакаме да живееме во слободна, демократска држава во која се почитуваат човековите права!


Ајде сите сплотено и здружено да кажеме „СТОП ЗА ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ“ - стои во вечерашното соопштение на Организација на жени од Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Почна „Струмица ОПЕН фестивал 2020“, со поинаква приказна

Авг 11, 2020 Вести

Под мотото „Поинаква приказна“ во Струмица започна 9-то издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“. Поради пандемијата со коронавирусот фестивалот ова г...

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по него

Исчезнат е 56-годишен маж од Струмица, полицијата трага по н…

Авг 10, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа во 22:45 часот во Полициската станица, К.А. (30) од Струмица пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А...

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Компанијата „Екофризер“ од Струмица вработува

Авг 10, 2020 Веб Билборд

„Екофризер“ е македонска дистрибутивна компанија која работи како генерален застапник за производите Лакталис, ВеМилк и Вива сокови за југоисточна Мак...

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден тракторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...