Струмица најдобра меѓу 44 општини по добро владеење, транспарентност и отчетност

Вторник, 05 Мај 2015

На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот „Лотос“, кој траеше повеќе од една година во 44 општини

Од 28 до 30 април општина Струмица учествуваше на меѓународната конференција за размена на најдобри европски практики во мониторинг и борба против корупцијата на локално ниво, која што се одржа во Охрид.


На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот „Лотос“, кој траеше повеќе од една година во 44 општини во Република Македонија, меѓу кои и општина Струмица.


Според 74 индикатори, општина Струмица е прва општина во Република Македонија по добро владеење, транспарентност и отчетност.


Според Марија Гарванлиева, раководител на Одделението за внатрешна ревизија и координатор на групата за изработка и имплементација на антикорупциската политика на општина Струмица, на градоначалникот Зоран Заев и на општинската администрација, им беше оддадено јавно признание на меѓународната конференција во Охрид, која што се одржа под покровителство на Европската унија.


„Проектот „Лотос“ значи локална, одговорна, транспарентна и отчетна самоуправа. Го спроведуваа пет невладини организации од Македонија и невладината „Гонг“ од Хрватска. Општините беа поделени на региони, а за нашиот источниот регион беше одговорна невладината организација „Ехо“ од Штип. Овој проект се спроведуваше преку 74 индикатори кои покажуваа колку општините се одговорни, транспарентни, отчетни, колку локалната самоуправа, односно, општинската администрација е отворена кон граѓаните, колку граѓаните партиципираат во донесувањето на локалните политики и буџетот на општина Струмица и други индикатори кои што со нивното оценување и давање на релевантни докази по секој иникатор, беа рангирани со одредени поени според утврдената методологија во проектот „Лотос“. Горда сум што можам ова да го кажам, од тие 44 општини кои беа опфатени со проектот, по сите индикатори општина Струмица беше прва и на оваа меѓународна конференција која што се одржа под покровителство на Европската унија и беше оддадено јавно признание на општинската администрација дека од сите тие општини во Македонија, градоначалникот со локалната самоуправа се први во Македонија и нашето искуство на кој начин ние сме отворени како администрација кон граѓаните, на кој начин граѓаните учествуваат во донесувањето на локалните политики и на буџетот на општината, како сето тоа е документирано во нашата општина. Најважно од се е дека тие 74 индикатори според кои општина Струмица е прва во Република Македонија, се всушност алатки за борба против корупцијата во Македонија. Сакам да нагласам дека проектот „Лотос“ и регионалната конференција се всушност практики за следење на антикоруптивните мерки на локално ниво, што значи дека преку тие индикатори општина Струмица е прва во борбата против корупцијата во Република Македонија“ - рече Гарванлиева.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...