Започна запишувањето во прво одделение во основните училишта

Понеделник, 04 Мај 2015

Запишувањето ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот, до 29 мај

Во сите општински основни училишта од денеска започна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2015/2016 година. Запишувањето ќе се врши секој работен ден од 9 до 14 часот, до 29 мај. Потребни документи за упис се извод од матична книга на родените и потврда за примени задолжителни вакцини на детето.


Запишувањето во прво одделение е задолжително за сите деца кои ќе наполнат 6 години до крајот на календарската 2015 година. Детето може да се запише и доколку полни 6 години до 31.01.2016 година, по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето. На барање на родителите запишувањето на детето може и да се одложи, но единствено со потврда издадена од здравствена установа, која ќе утврди дека не е подготвено да оди на училиште. Родителот/старателот на детето е должен да го запише детето и е одговорен за неговото редовно посетување на наставата.


Секое училиште е должно да ги опфати децата од својот реон, а деца од друг реон може да се запишат само доколку има слободни места за упис. Согласно, Законот за основно образование, а заради успешно спроведување на уписот на децата, во секое општинско основно училиште е формирана комисија составена од педагог, психолог и одделенски наставник.


Подетални информации може да се добијат од педагошко – психолошката служба во училиштата.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...