Одбележување: 112 години од смртта на Гоце Делчев

Понеделник, 04 Мај 2015

Денеска во Струмица е одбележана 112-годишнината од смртта на идеологот и апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев

Со пригодни чествувања денеска во Струмица е одбележана 112-годишнината од смртта на идеологот и апостолот на македонското револуционерно движење од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, Гоце Делчев.


Пред велелепниот споменик на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во Струмица, претставници на Советот на општина Струмица, на јавни и државни институции, образновни и културни установи, граѓански здруженија и политички партии положија свежо цвеќе, а пригодна реч за животот и делото на великанот на македонската борба за ослободување од отоманското ропство, одржа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.


„Ликот на Гоце Делчев и неговото дело секогаш биле и ќе бидат предизвик за сите генерации Македонци. Нам ни преостанува со нашите постапки да ја заслужиме достојноста за да се наречеме негови следбеници“ - рече во својот говор Христов, наведувајќи дека ненадоместливата празнина ја чувствуваме не како 112-годишна далечина, туку како денешна неизлечива болка и уште повеќе како судбинска загуба на брилијантниот предводник на македонскиот народ низ премрежјата и остварувањето на вековниот сон за создавање на своја сопствена и суверена татковина.


На свеченоста по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица изведоа револуционерна поезија посветена на Гоце.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...