Во предпоследното коло од регуларниот дел на ВИП Супер лигата на Македонија, струмичките „рисови“, утре на гостински терен ќе си ги одмерат силите со тимот на Радовиш.
Екипата на Струмица Зомимак-М за разлика од домаќинот, кој е во тесна трка за влез во плејофот, веќе обезбеди пласман и како првопласирана екипа ќе им се придружи на Вардар и Металург во борбата за титула.
Натпреварот РК Радовиш - РК Струмица Зомимак-М ќе се одигра во спортската сала „25 мај“ во Радовиш. Со одлука на ракометната федерација сите натпревари од оваа коло ќе се играт во исти термин, недела од 15:00 часот.