Струмичкиот Фонд за здравство ќе тужи нови 1300 осигуреници

Сабота, 21 Март 2015

Деновиве се пресметува колку осигуреници поднеле лажни пријави за 2013-та година, но од Фондот велат дека бројот сигурно повторно ќе биде над 1300

Подрачната единица на Фондот за здравство во Струмица ќе поднесе нови кривични пријави, за осигуреници кои поднеле лажни пријави во Фондот за здравство, објави ТВ канал ВИС.


Со почеток на оваа година, 1350 осигуреници заработија кривични пријави и беа условно осудени на три месеци. Причината за кривичните е што осигуреници поднеле лажни пријави за 2011-та и 2012-та година, дека не надминуваат приход од 96.600 денари на годишно ниво и се лекувале на товар на државата.


Како што изјави за ТВ канал ВИС, Александар Лазаров, раководител на Подрачната единица на Фондот за здравство во Струмица, граѓаните пополнувајќи го образецот, дале неточни податоци за нивните примања, а тие, по проверките во Управта за јавни приходи, утврдиле дека имале повеќе приходи од пријавените и им поднеле кривични пријави за „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво според македонскиот Кривичен законик.
Деновиве се пресметува колку осигуреници поднеле лажни пријави за 2013-та година, но од Фондот велат дека бројот сигурно повторно ќе биде над 1300 осигуреници.


Од Фондот за ТВ ВИС велат дека осигурениците можат да си ги подмират трошоците за лекувањето, во спротивно ако бидат осудени, на товар на осигурениците ќе паднат судските трошоците од најмалку 300 евра за постапката, плус казната, која може да биде и затворска.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...