Поплавите во јануари предизвикаа штета од над 95 милиони денари

Петок, 20 Март 2015

Поплавите во јануари годинава на територијата на општина Струмица предизвикаа вкупна штета од 95.600.555,00 денари

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи формирана од советот на општина Струмица, согласно законските обврски подготви извештај за процена на штетите од поплавите кои го зафатија подрачјето на општина Струмица на 24 и 30 јануари 2015 година.


Во извештајот се наведени причините за настанувањето на поплавите како и проценките за настаната штета поеднично по секое домаќинство, односно правни субјекти кои поднеле барање за проценка, како и проценка на вкупните штети по населени места.


Ацо Ѓоргиев, претседател на општинската комисија за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи, денеска, информираше дека поплавите во јануари годинава на територијата на општина Струмица предизвикаа вкупна штета од 95.600.555,00 денари.


„До комисијата има доставено вкупно 515 барања за проценка на штети од кои најголем дел се населеното место Муртино и тоа 270 барања, од кои 253 за проценка на штети на поплавени земјоделски површини и 17 барања за поплавени куќи и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 38.835.372,00 денари.


Од населеното место Сачево има доставено вкупно 94 барања од кои 88 барања за поплавени земјоделски површини и 6 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 11.630.684,00 денари.


Од населеното место Просениково има доставено вкупно 73 барања од кои 49 за поплавени змјоделски површини и 24 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 5.046.605,00 денари.


Од населеното место Дабиле има доставено вкупно 46 барања од кои 28 за поплавени земјоделски површини и 18 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од 2.601.398,00 денари.


Од останатите населени места на територијата на општина Струмица има вкупно поднесено 12 барања со вкупна проценета вредност на штетите од 678.454,00 денари.
До комисијата има поднесено и 6 барања од правни субјекти чии штети се проценети на вкупно 4.334.200,00 денари.


Согласно единствената методологија за проценка на штетите извршена е проценка и на оштетените инфраструктурни објекти кои се во надлежност на општина Струмица како мостови, улици, канали и друго во износ од 30.456.506,00 денари.


Вкупната вредност на штетата настаната од поплавата на 24 и 30 јануари 2015 година на територијата на општина Струмица е проценета на 95.600.555,00 денари.
Овој извештај, согласно законските обврски, комисијата за проценка на штетите го достави до советот на општина Струмица на разгледување и усвојување, со што е запазен законскиот временски рок предвиден за изработка на извештајот“ - информираше Ацо Ѓоргиев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...