Мариа Јова синоќа во Скопје, утревечер во Струмица

Четврток, 19 Март 2015

Младата поетеса Мариа Јова од Струмица, синоќа во книжарницата на „Култура“ во Скопје ја имаше промоцијата на својата прва книга

Младата поетеса Мариа Јова од Струмица, синоќа во книжарницата на „Култура“ во Скопје ја имаше промоцијата на својата прва книга, романот „Сети се, да ме заборавиш“, прогласен за најдобар роман на „Романијада“.


Во романот „Сети се, да ме заборавиш“, Линда е вљубена до болка во својот партнер, ужива во благодетите на животот и богато се храни со слатките плодови на љубовта. Го сака својот партнер, нѐ повеќе отколку што тој ја сака нејзе. Затоа што тие се создадени еден за друг. Тој е прекрасен, шармантен, романтичен, маж во вистинска смисла на зборот. Маж кој знае да љуби и освојува. Кевин. Нејзиниот Кевин. Нејзината сродна душа. Половинката од нејзиното срце која ја пронајде на дното од океанот. Трилер кој се чита во еден здив, ромаса која ќе ве маѓепса, разочара и воодушеви во исто време, драма која ќе ве остави без зборови, крај кој ќе ве замисли. Љубовна приказна која никогаш нема да ја зборавите. Затоа што таа е поразлична. Поразлична од сè што имате прочитано до сега, а толку слична со она што го имате доживеано. Со она што ве заболело таму, под коските, во срцето. Најболните нешта се чини, секогаш се премолчуваат. И некои луѓе – никогаш не се забораваат!


По Скопје, утревечер Јова своето „првенче“ ќе го промовира и пред своите струмичани. Промоцијата закажена за утре (петок, 20 март), во 19:00 часот во Домот на АРМ во Струмица, а пред промоцијата, утре од 12 до 15 часот пред Градската библиотека на Струмичкото корзо, ќе биде поставен штанд, каде ќе биде изложена книгата „Сети се, да ме заборавиш“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...