Се гради гасоводна мрежа во новата населба кај касарната

Четврток, 19 Март 2015

Продолжува изградбата на гасоводната мрежа во градот Струмица. Таа почна да се проширува во новата населба во кругот на поранешната касарна

Продолжува изградбата на гасоводната мрежа во градот Струмица. Таа почна да се проширува во новата населба во кругот на поранешната касарна, каде се изградени и во тек е изградба на нови станбени објекти.


Според директорот на ЈПЕД „Струмица Гас“, Зоран Китанов, пролетната сезона на изградба на госоводната мрежа во Струмица, продолжува од големото градилиште, каде „никнуваат“ голем број на станбени објекти.


„Моментално ја работиме оваа траса со должина од 800 метри која ќе го опфати целиот потег на урбан блок 36, каде што има нови згради, а некои се во тек на градба и можам да ви кажам една убава вест, веќе една зграда уплати 82 приклучоци кои ќе бидат во функција за околу два до три месеци, а верувам дека и останатите ќе го следат тој пример. Овде приклучокот ќе почне од крстосницата „11-ти октомври“ и ќе заврши со пресекот на новата улица која што ќе се гради помеѓу зградите, што значи за во иднина ќе треба само една дополнителна цевка која што ќе се мести до самите згради. По завршувањето на овој урбан блок имаме уште две фази на кои ќе работиме, тоа е урбаниот блок позади фабриката „Герас Цунев“, бидејќи таму има многу заинтересирани кои сакаат приклучоци на гас, потоа во улицата „Киро Абрашев“, која ја работевме минатата година, а сега ќе се дозаврши и ќе почнеме со реализација на еден нов проект“ - рече Китанов.


Инаку, од пред неколку години во Струмица, голем број на домаќинства, преку оџаците не ја загадуваат средината, бидејќи веќе имат инсталирано капацитет со околу 10 MW и за толку повеќе ќе била загадена Струмица.


ЈПКД „Струмица Гас“ до сега има изградено 21 километар гасоводна мрежа, а се планирани оваа година да се изградат уште 5 километри, а за 3-4 години Струмица би имала околу 40 километри гасоводна мрежа, кога и најрано се очекува да дојде гасоводниот систем, кој се најави дека ќе започне во Македонија, а ова значи дека Струмица ќе биде најподготвена, со само една кратка конекција на тој гасовод.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...