Се уредува стадионот „Младост“ во Струмица

Вторник, 17 Март 2015

Во тек е и бојадисување на надворешните и внатрешните ѕидови на стадионот и на трибините, а набавена е и нова трева, која наскоро ќе биде посеана

Новиот концесионер на стадионот „Младост“ во Струмица, Славчо Васков Пинда, започна да ги уредува теренот и помошните простории на стадионот, кој е во катастрофална состојба.


Иако вчера низ некои медиуми имаше информација дека вратите на старите простории, односно соблекувалните, се затворени за младите фудбалери на Академија „Пандев“, Пинда вели дека раководството на Академијата „Пандев“ и на ФК „Тиверија“, беа информирани дека започнуваме со реновирање.


„Условите во кои тие деца се соблекуваа и ја оставаа опремата се застрашувачки. Таму нема ни вода ни струја, а и долги години не се одржуваше. Затоа прва моја заложба е да се среди овој дел. Во тек е поставување на нова водоводна линија и електрична инсталација, па целосно реновирање на внатрешните простории. Тие во моментот ги користат и помошните терени, кои исто така се под наша концесија, и можат да ги користат и понатаму, а и овие простории - соблекувалните, ги користат и вчера и денеска, но штом се започне со внатрешното реновирање, мора целосно да бидат празни. По целосното реновирање на соблекувалните, кои ќе бидат во многу подобри услови, ќе можат пак да ги користат, нормално тогаш со одреден надоместок за користењето. Вратите на стадионот не се затворени. Таму има мајстори и работници кои вршат активности секој ден после 9 часот“ - вели Пинда.


Во тек е и бојадисување на надворешните и внатрешните ѕидови на стадионот и на трибините, а набавена е и нова трева, која наскоро ќе биде посеана на теренот, односно по предходно уредување на истиот.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...