Реакција на ВМРО–ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ

Вторник, 17 Март 2015

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, денеска со писмена реакција на вчерашната прес конференција на советниците од СДСМ

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, денеска со писмена реакција на вчерашната прес конференција на советниците од СДСМ.


Општина Струмица 10 години е заложник на една неодговорна политика исполнета со матни бизнис зделки и скандалозни тендери, а општинските пари завршуваат на сметките на фирми на кланот Заеви.


Вчера бевме сведоци како послушниците на градоначалникот Заев залудно се обидоа да го амнестираат од одговорноста за состојбата во која ја доведе општина Струмица.


Градоначалникот Заев наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните, тој ја заборави Струмица.


Врв на неодговорно однесување е неговото едногодишно неприсуство на седниците на Советот на општина Струмица, кои самиот тој ги закажува. Пример за тоа беше и последната седница на која една од точките на дневен ред беше и Предлог-Завршна сметка на Буџетот на општина Струмица за 2014 година чиј предлагач е градоначалникот Заев и истата требаше да ја образложи пред советниците.


Токму на оваа седница Заев требаше да објасни зошто не ги реализира проектите кои со години ги ветува и каде завршуваат парите планирани за нивна реализација. Исто така требаше да објасни зошто предложените проекти од советничката група на ВМРО–ДПМНЕ останаа нереализирани. Овие проекти беа произлезени од средбите кои советниците на ВМРО–ДПМНЕ ги остварија по урбаните и месни заедници во општина Струмица и се реални потреби на граѓаните.


Советниците од СДСМ доколку сметаат дека локалните избори биле нерегуларни, нека си поднесат оставки, а доколку им се послатки фотељите тогаш заедно со градоначалникот во заминување нека ги засукаат ракавите и конечно почнат да го работат она за што впрочем ги плаќаат граѓаните.


Го повикуваме градоначалникот во заминување, Зоран Заев, час поскоро да собере храброст и да им одговори на граѓанитe: дали е градоначалник на општина Струмица или му е поважна партиската функција во СДСМ?


За крај, ако има барем малку чувство за морална одговорност да си поднесе неотповиклива оставка - стои во писмената реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со највисок степен на транспарентност и отчетност

Единиците на локални самоуправи од jугоисточниот регион со н…

Сеп 22, 2021 Вести

Здружението „Скај Плус“ од Струмица под палката на Фондација „Метаморфозис“, спроведе едногодишно истражување со мониторинг на општините од југоистоко...

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Денеска е Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица

Сеп 21, 2021 Магазин

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепа...

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го посетуваат Манастирот во Вељуса

Утре се слави Мала Богородица, струмичани од попладнево го п…

Сеп 20, 2021 Вести

Колона од возила кон Вељуса, река од народ низ селото, манастирскиот двор преполн со верници. Утре е Рождество на Пресвета Богородица, еден од големи...

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Црн густ чад кај Костурино, гореле стари гуми

Сеп 20, 2021 Вести

Црн густ чад ги вознемири жителите на Костурино. Попладнево по 14 часот избувнал пожар во близина на селото Костурино, гореле стрниште и стари гуми. И...

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридско-струшкиот регион

Струмички пожарникари дел од НАТО вежба на EADRCC во охридск…

Сеп 20, 2021 Вести

Осум пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, припадници на УСАР тимот (урбано пребарување и спасување), кој е во состав на Репуб...

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Прекинато е водоснабдувањето во Куклиш поради дефект

Сеп 20, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради дефект на главен цефковод за довод на вода, населеното место Куклиш е без водоснабдување. Екипата...

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...