Советниците од СДСМ со реакција до советниците од ВМРО-ДПМНЕ

Понеделник, 16 Март 2015

Советничката група во Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ, денеска со прес конференција, како реакција на вчерашното напуштање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Советничката група во Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ, денеска со прес конференција, како реакција на вчерашното напуштање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на 25-тата седница на Советот на општина Струмица.


Интегрален текст од прес конференцијата


Почитувани граѓани,


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не го слушна вчера ставот на СДСМ за непризнавање на изборниот процес, за вчера да ја напуштат седницата на Советот на општина Струмица.


Тој став СДСМ го соопшти пред една година, 27 април 2014 година, во моментот на затворање на избирачките места.


Вчерашниот потег на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да го напушти Советот, го цениме како дел од сценариото на Никола Груевски за продабочување на политичката криза, што всушност Груевски и го најави во вчерашниот говор.


Никако поинаку не може да се протолкува напуштањето на седницата на Советот од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа токму во момент на значајни точки на дневниот ред, завршната сметка на Буџетот и Извештајот за работата на општината за 2014 година како и извештаите за работата на јавните претпријатија и институции во општина Струмица.


Советниците на ВМРО-ДПМНЕ самите знаат дека градоначалникот Зоран Заев работи професионално, како градоначалник на сите граѓани во Струмица. Во декември минатата година, кога се носеше Буџетот на општината за оваа 2015 година, од предложените 192 проекти на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот Заев, како овластен предлагач на Буџетот, прифати дури 134 предлог-проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Останатите 58, дел не беа во надлежност на општината или веќе беа вградени во развојните планови на општината.


Оттаму, остро се спротивставуваме на сценариото на Груевски, што почна да го реализира од Струмица, во обид да ја спаси сопствената кожа и на неколкумина негови најблиски соработници, со коишто ги правел криминалите и изборните фалсификати.


Се надевме дека нашите колеги советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе сфатат дека се само инструмент во рацете на Никола Груевски, кој се обидува да владее со диктат, закани и уцени за лични цели и дека ќе ја преиспитаат нивната одлука - изјави Коста Костадинов, член на Советот на општина Струмица од редовите на СДСМ.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балада

ВИДЕО: „Денот што ни носи“ - Александра Јанева со нова балад…

Сеп 19, 2021 Магазин

По пауза од скоро две години, синоќа струмичанката Александра Јанева го објави новиот повратнички сингл „Денот што ни носи“. Песната е заедничко авто...

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Doron Macedonia избрана за една од 40-те најуспешните лидери во Југоистчна Европа

Валентина Динова од Струмица - Мастер Франшизер на Helen Dor…

Сеп 17, 2021 Магазин

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени престижните награди на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Валентина Динова од Струмица - Маст...

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Во Аптеки „ЕЛИКСИР“ – Месец за јакнење на имунитетот

Сеп 17, 2021 Магазин

Имунитетски производи - Имунитет - Аптеки „Еликсир“ Нашиот имунитет е важен за нашиот опстанок. Имунолошкиот систем функционира нормално кога ги пре...

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за Противпожарната единица

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техник…

Сеп 16, 2021 Вести

Општина Струмица обезбеди нова противпожарна опрема и техника за зајакнување на капацитетите на Територијалната професионална противпожарна единица, о...

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19

Четворица струмичани починале во изминатите 24 часа како пос…

Сеп 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа пријавени се 32 починати лица како последица на Ковид-19, меѓу кои и четворица о...

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен терен ќе се пренесуваат на познатиот спортски канал „Sport Klub“

Фудбалските натпревари на „Академија Пандев“ на домашен тере…

Сеп 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ФК „Академија Пандев“ објавија дека натпреварите од Првата македонска фудбалска лига кои овој клуб ќе ги игра на домашен терен ќе се емитуваат во ж...

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ на претстојните Локални избори

Марјан Даскаловски ќе ја предводи советничка листа на СДСМ н…

Сеп 14, 2021 Вести

Општинската организација на СДСМ во Струмица ја објави листата на членови на Советот на општина Струмица за Локалните избори кои ќе се одржат на 17 ок...

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков 2021“

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро …

Сеп 14, 2021 Вести

Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Ст...