Отворена реновираната Детска градинка „Сонце“ во Ново Село

Среда, 04 Јули 2018

Во општина Ново Село е отворена градинката „Сонце” по целосната реконструкција на објектот од средства од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На свеченото отворање присустуваа гости од градот Сандански, Република Бугарија, партнер во проектот, државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која заедно со градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев и директорката на градинката, Лилјана Зекирова, официјално ја пуштија на користење реновираната градинка.

Ново Село доби „сонце” за најмалите до 6 години. Горди сме што токму нашата општина доби таков современ објект по европски стандард“ – рече градоначалникот Стојчев.

Детската градинка „Сонце“ се реконструираше во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување подобра средина во детските градинки” во рамките на Програмата Интеррег-ИПА за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија од 2014-2020 година.

Со реконструкцијата, Детската градинка доби нова термо фасада, нов покрив со изолација, нови врати и прозорци поставени се колектори за топла вода, ново осветлување со енергетско ефикасни светилки, а подобрени се и системите за водоснабдување и канализација. Вредноста на проектот за општина Ново Село изнесуваше над 190.000 евра.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ центар во Струмица

Корејската компанија „Nuga Medical“ отвори „Нуга Бест“ цента…

Јан 16, 2019 Магазин

Светски познатата компанија за производство на напредна медицинска опрема „Nuga Medical“ од Сеул, Јужна Кореја, синоќа во Струмица отвори Центар за зд...

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица

Нова термичка фасада на средното училиште „Јане Сандански“ в…

Јан 16, 2019 Вести

Заврши поставувањето на нова термичка фасада на Средното општинско училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Овој проект е реализиран од Агенцијата на СА...

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Јан 16, 2019 Вести

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи ...

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Млечен ресторан има потреба од продавачки

Јан 15, 2019 Веб Билборд

Млечен ресторан од Струмица има потреба од продавачки. Повеќе информации на: 034/331-454 и 070/388-133, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот...

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

„Комуналец“ ги расчистува снегот и мразот околу училиштата

Јан 15, 2019 Вести

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, која започнува во понеделник, ЈПКД „Комуналец“ започна со расчистување на снегот и мразот на т...

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики

Јан 14, 2019 Вести

Струмичани се поклонија пред моштите на Свети Василиј Велики. Во чест на големиот христијански празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, мош...

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Струмичкиот карневал на 9-ти март, Маскенбал на 8-ми

Јан 14, 2019 Вести

Традиционалниот „Струмички карневал“ годинава ќе трае од 6 до 13 март, а главната карневалска веќер ќе биде на 9 март (сабота). Претходната вечер е Ма...

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“

На 27 јануари Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповск…

Јан 14, 2019 Вести

Навивачката група Ајдуци од Струмица традиционално и годинава ќе го организира 4-от Меморијален турнир во мал фудбал „Џоко Поповски“. Системот на нат...