Во Колешино одбележана 80-годишнината од раѓањето на Видое Подгорец

Недела, 26 Октомври 2014

Во родното место на големиот македонски писател, Видое Подгорец, во селото Колешино, се одржа манифестацијата „Средба под јаворите“

Во родното место на големиот македонски писател, Видое Подгорец, и во истоименото основно училиште, во селото Колешино, се одржа манифестацијата „Средба под јаворите“, со што беа одбележани 80 години од раѓањето на овој познат писател за деца и возрасни.

По тој повод, Здружението на граѓани „Видое Подгорец“ од Струмица, кое го почитува ликот и делата на Видое Подгорец, во основното училиште „Видое Подгорец“ во Колешино, ја одржа манифестацијата „Средба под јаворите“, која веќе петнаесет години се одржува.

Литературното читање, воедно и сеќавање за Видое Подгорец, пред учениците од ова училиште, изнесоа гостите, писателите за деца и возрасни, Киро Донев, Горјан Петрески, Ксенија Маказлиева Трајчева, уредник на  детското списание „Другарче“ и други поддржувачи на ликот и делата на Подгорец.

Писателот за деца Горјан Петрески, зборуваше за неговата прва средба со Видое Подгорец, во редакцијата на „Наша книга“, како тој го примил и му бил рецезент на неговата прва книга.

„Јас сум лиричар по природа, а таков беше и Подгорец. Гледајќи ги овие предели во Подгоријата, природата во есен, ме потсетуваат на описите во делата на Погорец, но, и на моите, така што има многу нешто што да се каже за него“, рече Горјан Петрески.

Плодниот писател Киро Донев, пак, се присети за неговите работни обврски како прв соработник на Видое Подгорец, во „Наш свет“, во периодот кога Подгорец беше одговорен уредник.

„Потоа, Подгорец, замина во „Наша книга“, а јас ја продолжив соработката со  Миле Марковски. Инаку, мојата првата книга „Жаба спикер“, излезе во  „Култура“, во далечната 1967 година, каде рецезент ми беше токму Видое Подгорец“, рече писателот Киро Донев.

Книгата лектира „Да се запознаеме“ од Киро Донев, печатена пред повеќе години, сеуште е главно четиво и лектира на децата во училиште. Тој ни откри дека во подготовка е неговата нова книга „Славејот од Подгоријата“, која всушност е биографски роман за писателот Видое Подгорец.

Инаку, до својата смрт писателот Видое Подгорец има издадено вкупно 108 книги, и тоа: романи, збирки раскази и поезија. Најпознат негов роман е „Белото циганче“, која е преведена на неколку светски јазици, а и филмувана од страна на Македонската Телевизија, во три епизоди.

Неговите дела се преведувани на околу десет странски јазици. (С.Џ.)

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...