Министерката Мила Царовска за тешката социјална приказна на семејството Доневи од Дражево

Сабота, 27 Јануари 2018

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот Фејсбук профил го изрази својот став во врска со тешката социјална приказна на семејството Доневи од струмичкото село Дражево.

„Екипа на Центарот за социјални работи од Струмица ги посети Доневи, семејство со трогателна приказна, каква што, за жал, не е реткост во нашата земја. Тие се корисници на социјална парична помош, а деновиве ќе им биде доделен и дополнителен еднократен износ. Црвен крст ќе обезбеди хигиенски пакети и храна, a веќе контактиравме и со Општина Струмица кои ќе помогнат со свои ресурси.

За жал, поради неефикасноста на постоечкиот систем, тука се исцрпуваат законските можности на институциите за постапување. Токму затоа работиме на коренити промени на системот кои ќе овозможат ваквите случаи да се извлечат од длабока сиромаштија. Реформата на социјалната заштита е врвен приоритет за министерството. Веќе започнавме со работа на целосно нов закон, а во наредните месеци ќе дефинираме конкретни предлози кои ќе бидат претставени пред јавноста.

Целта е да изградиме похуман систем и да ја зголемиме финансиската поддршка за ранливите за излез од сиромаштија. Ќе воведеме услуги на локално ниво наменети за лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, жртви на насилство. На многу семејства им е потребна, лична, човечка поддршка во секојдневниот живот, многу повеќе од финансиската. Новиот систем тоа ќе го овозможи.

Многу брзо, овие луѓе мора да имаат шанса да се одлепат од дното, да добијат поддршка која ќе ги охрабри и зајакне, која ќе им го врати достоинството“ - напиша министерката Мила Царовска на својот Фејсбук профил.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 13 јуни

Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до…

Мај 30, 2020 Вести

Растот на бројот на новозаразени со корона вирусот и смртни случаи беа доволна причина за претседателот на државата, Стево Пендаровски да ја продолжи ...

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академија Пандев“, познат како Гокче, кој има исто име и презиме со Горан Пандев

Почина познатиот струмичанец, најголемиот фан на ФК „Академи…

Мај 30, 2020 Вести

Денеска на 28-годишна возраст почина еден од најверните поддржувачи на ФК „Академија Пандев“ од Струмица, познат како Гокче, кој има исто име и презим...

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонти…

Мај 30, 2020 Вести

Се уредува просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча, која е една од најзначајните културно-историски споменици на територијата на...

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, меѓу кои и бебето кое беше транспортирано во Швајцарија

Денеска регистрирани 35 новозаразени, починаа пет пациенти, …

Мај 30, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 22, во Тетово 6, Куманово 4 и по еден...

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните 14 дена

Владата предлага прогласување вонредна состојба во наредните…

Мај 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

На денешната 59-та седница Владата донесе заклучок да достави до претседателот Стево Пендаровски извештај за преземените активности на државните инсти...

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работници

Фирма за производство на ПВЦ столарија има потреба од работн…

Мај 30, 2020 Веб Билборд

Фирма за производство на ПВЦ столарија од Струмица има потреба од работници со или без работно искуство. Повеќе информации и пријавување на: 070/374-3...

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часот

„Комуналец“: Кванташкиот пазар работи од 05:00 до 17:00 часо…

Мај 29, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека Кванташкиот пазар работи секој ден од 05:00 до 17:00 часот, освен недела и државни празници. По...

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, починале четири лица

Министерот Филипче потврди за 52 новозаразени од Ковид-19, п…

Мај 29, 2020 Вести

Денеска се потврдени 52 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се четири лица, кажа министерот за здравство, Венко Филипче на п...