„Паркиралишта Струмица“ почна со обележување на хоризонталната сигнализација во градот

Среда, 30 Септември 2015

Приоритет се даде на централното градско подрачје, односно, на булеварот „Маршал Тито“ каде се опфатени пешачките и осовинските линии

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, доцна синоќа започна со обележувањето на хоризонталата сигнализација во градот. Обележувањето го врши за прв пат, откако оваа надлежност му беше доделена со одлука донесена од Советот на општина Струмица.


Од „Паркиралишта Струмица“ информираа дека првиот ден поминал во согласност со предвидените проекции, а бележењето ќе се врши секоја вечер доколку тоа го дозволуваат временските услови.


„Приоритет се даде на централното градско подрачје, односно, на булеварот „Маршал Тито“ каде се опфатени пешачките и осовинските линии, стрелките, рабниците, паркинг местата и сите останати хоризонтални ознаки на асфалтот. Ова го правиме со цел да ја зголемиме услужната дејност и безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Обележувањето е извршено во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот, а планирано е да се изврши на површина од 6 илјади метри квадратни во градското подрачје“ - рече Трајче Тасев, раководител на паркинг и пајак службата при ЈП „Паркиралишта Струмица“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 09:00 до 11:30 часот во Старо Добрејци ќе има прекин на електричната енергија

Утре од 09:00 до 11:30 часот во Старо Добрејци ќе има прекин…

Авг 05, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 6 август), од 09:00 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во...

Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 полицајци

Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 пол…

Авг 05, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на „Алфа“ и „СкопјеИнфо“, но и на многу други веб портали кои ја преземале веста, дека од ден...

И денеска во Струмица регистриран нов заразен со ковид-19

И денеска во Струмица регистриран нов заразен со ковид-19

Авг 05, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи со ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струмица. Министерството за ...

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...