Костадинов: Ќе одиме напред или ќе се враќаме назад, одлучува вашиот глас на 15 јули

Вторник, 30 Јуни 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов, во денешното обраќање говореше за активностите во економијата од програмата на Коалицијата што ќе ги реализираат во наредниот четиригодишен мандат.

Интегрален текст од прес конференцијата:

СДСМ успеа за неполни три години да ја извади државата од финансискиот пустош во којшто беше оставена. Ја кренавме економијата во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата. Кревавме економија додека градевме систем и додека решававме горливи генерациски прашања.

Креваме економија и во услови на глобална пандемија. Се одлучивме за брза трансформација и зголемување на конкурентноста на македонската економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

Новата македонска развојна економија нуди минимална плата од 20.000, просечна од 34.000 денари, 2,2 милијарди евра јавни инвестиции до 2024 година и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.

Странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.

Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат.

Продолжуваме да ги штитиме работните места, а по завршувањето на кризата и до крајот на мандатот ќе продолжиме да ја намалуваме невработеноста на ниво од 3% годишно. Нашата цел по крајот на кризата, ќе биде едноцифрена стапка на невработеност.

Можеме и знаеме да направиме уште повеќе и уште подобро за сите граѓани и за иднината на нашата држава.

Ќе одиме напред или ќе се враќаме назад, одлучува вашиот глас на 15 јули.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...