Ѓоргиевски: Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници

Вторник, 30 Јуни 2020

Шефот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4 и член на Извршниот комитет на ова партија, Орце Ѓоргиевски, денеска на прес конференција во Струмица обвини дека Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Наместо живот за граѓаните, Зоран Заев во овие три години си донесе пари и луксуз за себе и најблиските соработници, а на граѓаните им донесе беда.

Цветанка Иванова не единствената пратеничка на Заев кон која бил дарежлив со доделување привилегии и тендери на семејните фирми. Семејната фирма за производство на електрична енергија на пратеничката Катерина Кузмановск, исто така милионски се офајдила од Заев.

Во октомври 2017, четири месеци по доаѓањето на власт на Заев, Митко Кузмановски, сопругот на Катерина Кузмановска влегува како сопственик на фирмата „Енерџи Винд“ од Струмица, фирма основана од неколку бугарски фирми на нивната домашна адреса, кои по влезот на Кузмановски излегуваат од сопственичката структура на „Енерџи Винд“.

По превземање на фирмата од Митко Кузмановски истата почнува да работи со „полна пареа”. Во 2017 година ЕНЕРЏИ ВИНД остварува ВКУПЕН ПРИХОД од 367.693.367 денари или над 6 милиони евра. Тоа е за 8 пати повеќе од приходите на фирмата пред да биде во сопственост на Кузмановски. ОСТВАРЕНАТА ДОБИВКА за таа година изнесува 3.701.694 денари.

Во 2018 година, кога Кузмановска треба да гласа промена на името, семејната фирма уште повеќе се засилува и остварува уште поголем вкупен приход од 760.642.559 денари или над 12 милиони евра. Во овие 2 години (2017 и 2018 година), кога СДСМ е централна власт, сопругот на пратеничката Катерина Кузмановска остварува огромни приходи. Овие приходи таа ги нема пријавено во анкетниот лист за имотната состојба за избраните и именуваните функционери.

На 19.10.2018 година само навидум настанува промена на седиштето и сопственичката структура на ЕНЕРЏИ ВИНД. Митко Кузмановски излегува од сопствеништвото, а како сопственик во фирмата влегува „БГМК Инженеринг“ од Струмица чиј управител е Христо Јануцев. Тоа што боде очи е дека „БГМК Инженеринг“ е основана со седиште на домашната адреса на Катерина и Митко Кузмановски. Освен тоа, еден од основачите на БГМК е и самиот Митко Кузмановски со уште една фирма „Земјоделие север“ ДОО од Плевен, Бугарија.

На 29.10.2018 година од сопственик во БГМК излегува Митко Кузмановски. На 05.11.2018 година фирмата ЕНЕРЏИ ВИНД ја превзема фирмата БГМК, која е загубар и во 2018 година оставрува приход од 12 денари и пријавува загуба од 22.418 ден.

Ова е уште еден пример како Заев ја ограбува државата и им носи „живот“ на неговите најблиски соработници. Дали излегувањето на Митко Кузмановски е само фрлање прав во очи за да се прикрие сопствеништвото во случај кога и новата фирма е адресирана на домашната адреса на пратеничката на Заев? Дали огромното зголемување на вкупниот приход на ЕНЕРЏИ ВИНД во 2017 и 2018 година, се должи на политичкиот ангажман на пратеничката Kатерина Kузмановска и доаѓањето на СДСМ на власт? Зошто основачкиот влог при превземање на фирмите и остварените приходи на Митко Кузмановски не се прикажани во анкетниот лист на за имотна состојба на Катерина Кузмановска, пратеничка во Собранието на Република Македонија? Како фирма загубар со остварени 12 денари, приход во 2018 година, купува успешна фирма која за истиот период остварила вкупен приход од 12 милиони евра?

Почитувани, Зоран Заев изминативе години докажа само дека може повеќе да краде, да рекетира и да се богати. Мора да ставиме крај на овој грабеж. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...