Панова: 15 години локална власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на Владата на Заев, не беа доволни да ја реконструираат улицата „Цветан Димов“

Петок, 26 Јуни 2020

„15 години локална власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на Владата на Заев, не беа доволни да ја реконструираат улицата „Цветан Димов“. Проблемот на граѓаните го користат само како предизборно ветување, а резултатите ги нема никаде“ - кажа Ели Панова, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани сограѓани, од денеска започнуваме да ви даваме одговори, оти, на 15-ти јули вие треба да го заокужите бројот 14.

Денеска се наоѓаме на улицата Цветан Димов, каде веќе 15 години локалната власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на владата на Заев не беа доволни да ја реконструираат. Проблемот на граѓаните го користат само како презизборно ветување, а резултатите ги нема никаде.

Замислете, по толку многу совети, елаборати, ветувања...

Тажно е да кажеме дека ова е место кое се наоѓа речиси цо центарот на Струмица, каде секојдневно поминуваат илјадници луѓе. Граѓаните мака мачат кога врне дожд, некои пак и одбиваат да движат по улицата, бидејќи е тотално непреодна, а да не зборуваме за децата кои не можат да стигнат на училиште.

Почитувани сограѓани, ова е „Блескавата европска Струмица“ за која зборуваше Заев. Но за да нема крај на ова лудило, Заев покрај локалните изградени патишта, започна да се фали и со изградени километри локални патишта, изоставувајќи го центарот на нашиот град.

Затоа за ставиме крај на ова лудило, за две недели, заедно му кажеме „ЧАО“ на Зоран Заев и неговиот розов свет. На 15-ти јули градот Струмица ќе го заокружи бројот 14! ВМРО-ДПМНЕ и кампањата „Исправи се Македонио“ се вистинскиот одговор, ова е вистинското одважување на народот, бидејќи после сето ова лудило, ни започнува - ОБНОВАТА.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...