Испечатете ја страната

Костадинов најавува продолжување на започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна“ во Струмица

Вторник, 12 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов, во денешното свое предизборно обраќање истакна дека дека стои зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна”, каде продолжува развојот и изградбата, но пред сé со максимално почитување на еколошките стандарди и правилата за точен одржлив развој.

Според него, со наменското уредување никнува нова функционална населба, доминантно со згради за колективно домување и со иновативни решенија за урбано живеење.

„Покрај станбените згради, планирано е обликување на просторот со потребна конфигурација на објекти од јавен карактер од областа на здравството, образованието, спортот, како и јавни површини и трговски објекти. Конкретно, предвидена е изградба на училиште, градинка, амбуланта, старечки дом, трговски единици и верски објект. Секако, третирана е и потребната инфраструктура за изведба на сервисни улици и соодветни паркинг решенија, а како екобаланс на целиот комплекс, предвиден е парк со површина од 12.700 метри квадратни“ - кажа Костадинов.

Додаде дека го радува фактот дека расте бројот на жители во градот. Со таквата тенденција, според него, се нагласува потребата од изградба на нови капацитети и инфраструктурни решенија кои ќе ги задоволат потребите на жителите, како од урбана гледна точка, така и во смисла на одржлив развој и современо живеење.

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...