ВМРО-ДПМНЕ реагира на кандидатот за градоначалник на СДСМ за предвременото започнување на кампањата

Четврток, 23 Септември 2021

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција, за како што велат, предвременото започнување на кампањата на кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

„Го потсетуваме кандидатот за Градоначалник на Струмица од СДСМ дека во периодот до почетокот на официјалната кампања не е дозволено давање на јавни ветувања до граѓаните или евентуално промовирање на проекти на јавни собири. Особено не ветувања кои не е реално да се исполнат или пак за тоа се нема капацитет.

Конкретно, нашата забелешка се однесува на ветувањето дадено од Костадин Костадинов за изградба на Кино „Балкан” во Струмица, за кое пишуват медиумите, пренесувајќи содржина од неговите профили на социјалните мрежи.

Имено, на истата улица со Кино „Балкан“ се наоѓа Стариот струмички театар. Реконструкцијата на Стариот струмички театар е започната од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но овој објект до ден денеска не е завршен.

Во изминатите 16 години локална власт на СДСМ во Струмица нема ниту еден позначаен објект во областа на културата. Веќе во тек е вториот мандат на власта на СДСМ на државно ниво која не може да ја заврши реконструкцијата на Стариот театар во Струмица.

Од тука, очигледно е дека ветувањето да се изгради Кино „Балкан“ е уште една фикција на едно неспособно владеење. Особено, ако се знае дека зградата на Кино „Балкан“ во Струмица е објект во приватна сопственост.

Предвременото давање на ветувања е последица на очигледна паника поради слаба реализација на ветеното во програмите на СДСМ, која во Струмица го помина и четвртиот мандат.

Ги повикуваме надлежните да го разгледат случајот и истовремено  кандидатите да се воздржат од предвремено започнување на кампањата“ - стои во писмента реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...