Буџетот на општина Струмица намален за 2,29 милиони евра

Четврток, 08 Ноември 2018

Тековниот буџет на општина Струмица е намален за 141 милиони денари или 2.290.000 евра, по денешната расправа на седницата на Советот на општина Струмица на која советниците го донесоа ребалансот на буџетот.

Намалувањето е поради тоа што одредени проекти за кои се планирани средства нема да почнат да се реализираат во тековната година и прераспределување на средства од една во друга ставка, вели градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, образложувајќи ги измените и дополнувањата на буџетот за тековната 2018-та година.

Намалувањето на одредени позиции не значи откажување од нивната реализација, туку ќе се продолжи идната година или кога ќе се создадат услови за нивна реализиција, а до крајот на тековната година е невозможно да се остварат од објективни причини, како што се нерасчистени имотно-правни односи и немање детални урбанистички планови“ - рече градоначалникот Јаневски.

Советот на општина Струмица го усвои и кварталниот извештај за извршување на буџетот за третиот квартал на 2018 година. Тековниот буџет е извршен со 55%, односно од планираните 1 милијарда и 212 милиони денари се реализирани 659,5 милиони денари.

Поради извршениот ребаланс на буџетот советниците донесоа повеќе одлуки за измени и дополнување на повеќе програми, а беа разгледани и извештаите за работа за изминатите девет месеци на општинските јавни претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Струмица Гас“.

На денешната 16-та седница беа донесени и повеќе одлуки за формирање на паралелки со помал број на ученици во трите средни училишта и во пет основни училишта на територијата на општина Струмица, а беше донесена и одлука за изработка на основен проект за замена на старите водомери со нови и современи.

Советниците ги усвоија и предлозите за измена и дополнување на Програмите за уредување на градежното земјиште, за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, за изградба и одржување на јавното осветлување, за активностите од областа на културата и на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2018 година.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на бесплатна обука „Вештини за успех“

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на…

Ное 19, 2018 Магазин

Утре (вторник, 20 ноември), од 17:00 до 20:00 часот во Хотел „Вила Парк“ во Струмица, „Пивара Скопје“ организира бесплатна обука од програмата „Вештин...

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри националниот тим против Гибралтар

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри национални…

Ное 19, 2018 Вести

Учениците од V-1 при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, предводени од одделенскиот наставник Билјана Гунова, вечерва во живо ќе ја бодрат македонската...

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банско и Муртино

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банс…

Ное 19, 2018 Вести

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица овој период интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населенит...

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште еднаш се потврди со значајното присуство на информативната средба

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште ед…

Ное 19, 2018 Вести

Компанијата Еуромакс Ресоруцес, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економс...

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се преврте со автомобилот

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се пр…

Ное 17, 2018 Вести

Возачот Мики Тодоров од Струмица, имаше незгода на денешната тренинг сесија во пресрет на утрешната кружна трка во Скопје. Тој при влегување во една к...

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „Средби под јаворите“

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „С…

Ное 17, 2018 Вести

Вчера и денеска во Струмица и родното село на писателот Видое Подгорец, Колешино, се одржаа 17-те „Средби под јаворите 2018“. Најголемиот дел од акти...

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Ное 17, 2018 Магазин

Направете виртуелна прошетка низ Струмичкиот музеј, како да сте со професионален водич... Истата ќе се надоградува со нови тагчиња и информации директ...

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

Ное 17, 2018 Вести

Струмичките одбојкари денеска попладне во салата „Партизан“ во Струмица ги надиграа досега непоразените одбојкари на „Лирија“ од Тетово со 3:0 во сето...