Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат Струмица - Банско

Четврток, 08 Ноември 2018

Завршува рехабилитацијата на транзитната делница од регионалниот пат кој што минува низ населеното место Куклиш. Според градоначалникот Коста Јаневски, рехабилитацијата на делницата е резултат на заедничката соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ЈП „Македонија пат“. Со овој зафат се подобрува безбедноста на месното население.

Ова е значајна делница која произлезе од разговорите со месното население на кои многу често ја спомнуваа како една од критичните точки на која што постои опасност за безбедноста на граѓаните. Ние се заложивме максимално во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, оваа делница да ја рехабилитираме во најкус рок, дадовме ветување и еве јас сум задоволен што оваа наша заедничка заложба денеска финишира и мислам дека ова населено место ќе добие побезбедна делница. Зедовме дел од обврските и ние како општина со тоа што изведовме некои прокопи кои што беа неопходни пред да почне асфалтирањето, зедовме обврска да го подобриме осветлувањето на оваа делница и со тоа мислам дека во тој поглед ќе биде многу побезбеден овој пат. Ова е заедничка соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, изведбата е на Македонија пат, делницата е долга околу 2 километри со ширина од 6 до 6,5 метри, а ќе се изврши и тампонирање на банкините и тоа го зборувавме пред извесно време кога рековме дека и на тој начин ќе се обидеме да добиеме на површина со што би се подобрила безбедноста и јас од овој проект сум доста задоволен, мислам дека е квалитетно изведен, со дебелени на асфалтниот слој од 7 сантиметри кое што ќе гарантира поголема трајност и издржливост на оваа делница, така што сите услови се исполнети, ветувањето е исполнето и тоа треба на сите да ни претставува едно големо задоволство“ - изјави градоначалникот Јаневски.

На одредени места на оваа делница се планирани и тротоари.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на бесплатна обука „Вештини за успех“

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на…

Ное 19, 2018 Магазин

Утре (вторник, 20 ноември), од 17:00 до 20:00 часот во Хотел „Вила Парк“ во Струмица, „Пивара Скопје“ организира бесплатна обука од програмата „Вештин...

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри националниот тим против Гибралтар

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри национални…

Ное 19, 2018 Вести

Учениците од V-1 при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, предводени од одделенскиот наставник Билјана Гунова, вечерва во живо ќе ја бодрат македонската...

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банско и Муртино

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банс…

Ное 19, 2018 Вести

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица овој период интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населенит...

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште еднаш се потврди со значајното присуство на информативната средба

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште ед…

Ное 19, 2018 Вести

Компанијата Еуромакс Ресоруцес, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економс...

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се преврте со автомобилот

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се пр…

Ное 17, 2018 Вести

Возачот Мики Тодоров од Струмица, имаше незгода на денешната тренинг сесија во пресрет на утрешната кружна трка во Скопје. Тој при влегување во една к...

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „Средби под јаворите“

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „С…

Ное 17, 2018 Вести

Вчера и денеска во Струмица и родното село на писателот Видое Подгорец, Колешино, се одржаа 17-те „Средби под јаворите 2018“. Најголемиот дел од акти...

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Ное 17, 2018 Магазин

Направете виртуелна прошетка низ Струмичкиот музеј, како да сте со професионален водич... Истата ќе се надоградува со нови тагчиња и информации директ...

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

Ное 17, 2018 Вести

Струмичките одбојкари денеска попладне во салата „Партизан“ во Струмица ги надиграа досега непоразените одбојкари на „Лирија“ од Тетово со 3:0 во сето...