„Паркиралишта Струмица“ одбележа јубилеј – 10 години од основањето

Петок, 02 Ноември 2018

Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на јавни паркинг простори „Паркиралишта Струмица“ од Струмица, синоќа го одбележа својот јубилеј – 10 години од основањето.

Во присуство на вработените, поранешни директори, градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, гостите ги поздрави директорот на оваа општинско јавно претпријатие, Митко Бујуклиев, говорејќи за 10-годишниот развој на „Паркиралишта Струмица“.

ЈП „Паркиралишта Струмица“ е основано од Советот на општина Струмица на 1 ноември 2008 година, а за прв директор беше именуван Борис Ангов, по завршувањето на мандатот на негово место доаѓа Љупчо Јанев, по краток период, со оваа претпријатие управува Верица Узунова. Во почетокот ЈП „Паркиралишта Струмица“ работеше само со „Пајак служба“, со цел да се реши проблемот со паркирање на моторни возила во градот Струмица, со што би се овозможило слободен и безбеден проток на возила и луѓе по улиците во градот Струмица, а веќе во 2010 година го презеде управувањето со подземната гаража под плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица.

Од јули 2013-та година ЈП „Паркиралишта Струмица“ ја прошири својата дејност, односно го презеде одржувањето на уличното осветлување. Со проширување на дејноста во делот на уличното осветлување, јавното претријатие започна да спроведува и координативно стручна функција во насока на моделирање и зајакнување на системот на услуги на јавното осветлување, како и редовно одржување на мрежата за јавно осветлување на територијата на општина Струмица.

Во 2014-та година ЈП „Паркиралишта Струмица“ заедно со општината Струмица го воведуваат Зонското паркирање во централното градско подрачје, се со цел да се придонесе за подобрување на комуналниот ред во градот.

На свеченоста која се одржа во ресторанот „Ројал Парк“, на сегашни и поранешни работници им беа доделени Плакета-Благодарница за посебен придонес во работењето на претпријатието, а ваква плакета доби и поранешниот градоначалник на Струмица, сега премиер на Република Македонија, Зоран Заев.

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на бесплатна обука „Вештини за успех“

Едукативниот центар на „Пивара Скопје“ ги кани струмичани на…

Ное 19, 2018 Магазин

Утре (вторник, 20 ноември), од 17:00 до 20:00 часот во Хотел „Вила Парк“ во Струмица, „Пивара Скопје“ организира бесплатна обука од програмата „Вештин...

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри националниот тим против Гибралтар

Тимот на наставничката Билјана Гунова ќе го бодри национални…

Ное 19, 2018 Вести

Учениците од V-1 при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, предводени од одделенскиот наставник Билјана Гунова, вечерва во живо ќе ја бодрат македонската...

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банско и Муртино

„Комуналец“ гo отстрани отпадот од локалните депонии во Банс…

Ное 19, 2018 Вести

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица овој период интензивно работат на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населенит...

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште еднаш се потврди со значајното присуство на информативната средба

Еуромакс Ресоруцес: Поддршката за развој на проектот уште ед…

Ное 19, 2018 Вести

Компанијата Еуромакс Ресоруцес, концесионер на проектот Иловица – Штука, пред речиси 200 жители од општините Босилово и Ново Село ги претстави економс...

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се преврте со автомобилот

Струмичанецот Мики Тодоров на тренинг трката во Скопје се пр…

Ное 17, 2018 Вести

Возачот Мики Тодоров од Струмица, имаше незгода на денешната тренинг сесија во пресрет на утрешната кружна трка во Скопје. Тој при влегување во една к...

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „Средби под јаворите“

Во Струмица и Колешино се одржа дводневната манифестација „С…

Ное 17, 2018 Вести

Вчера и денеска во Струмица и родното село на писателот Видое Подгорец, Колешино, се одржаа 17-те „Средби под јаворите 2018“. Најголемиот дел од акти...

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Виртуелна прошетка низ изложбениот простор на Музеј Струмица

Ное 17, 2018 Магазин

Направете виртуелна прошетка низ Струмичкиот музеј, како да сте со професионален водич... Истата ќе се надоградува со нови тагчиња и информации директ...

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

„ЏИО Струмица“ ја порази тетовска „Лирија“ со 3:0

Ное 17, 2018 Вести

Струмичките одбојкари денеска попладне во салата „Партизан“ во Струмица ги надиграа досега непоразените одбојкари на „Лирија“ од Тетово со 3:0 во сето...