Струмичанецот Марјан Ѕингаров отвора изложба во Софија

Среда, 09 Септември 2020

Во предвечерието на празникот на градот Струмица, на 10-ти септември од 17:00 до 20:00 часот, струмичанецот Марјан Ѕингаров во Софија, Бугарија ќе ги промовира своите уметнички дела.

„Изгубени простори“ е насловот на новата самостојна изложба на Ѕингаров, која е составена од околу 20 сликарски дела, со кои тој го покажува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.

Настанот ќе се одржи во КИЦ на РСМ во Софија, во услови на целосно почитување на соодветните мерки за справување со КОВИД-19.

 

„Човекот го нема, но тука е просторот. Каде исчезнал човекот? Се претопил ли во просторот? Или просторот станал човек? Изгубен во просторот. Изгубен во човекот. Изгубени, без можност за пронаоѓање оти се едно. Најтешко е да се најдеш себе. Сè укажува дека некогаш постоел човекот. Знаците се создадени од човек и се наменети за човек да ги одгатне. Што му останува на човекот кога го губи просторот? Времето? Просторот не е само простор. Времето не е само време. Времепростор е. Кога се губи просторот, исчезнува и времето. Во сликите на Ѕингаров просторот е тука и не е тука. Времето е тука и не е тука. Човекот е тука и не е тука. Тие се топоси на привременоста и одминливоста. Што останува откако сè исчезнало? Празнина? Загледајте ги добро сликите на Ѕингаров и пробајте да се најдете себе на одреден датум, во одредено време и простор. Ако не сте успеале, значи сте се изгубиле пред да се пронајдете, оти тие се создадени од она кое што го населува просторот откако човекот ќе го напушти просторот, и од она кое што е веќе во човекот: боја, контура, форма, симбол, емоција... Изгубени простори не е само деконструкција на просторот, туку и деконструлција на човекот. Соочени пред ненаселен простор, единствениот избор што човек го има е да се изгуби во него. За да може одново да ја најде идејата за себе“ - напиша Трајче Бјадов за делата создадени од Марјан Ѕингаров.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

    """""""""""""""""""""""""""""""""""""

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...

Продавницата за оружје и спортска опрема „АС-ТО“ има потреба од продавач

Продавницата за оружје и спортска опрема „АС-ТО“ има потреба…

Сеп 23, 2020 Веб Билборд

Продавницата за оружје и спортска опрема ДТ „АС-ТО“ од Струмица има потреба од работник – продавач, со или без работно искуство. Подетални информации ...

И денеска Струмица со седум новозаболени од ковид-19

И денеска Струмица со седум новозаболени од ковид-19

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19, од кои 7 лица се евидентирани преку Центарот за јавно з...