Фестивалот започна со претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Кире Ѓоргиев, а во изведба на актерите од струмичкиот народен театар „Антон Панов“.
До 13 септември ќе се одиграат седум претстави од исто толку театри.
Фестивалската жири комисија ја предводи минатогодишниот лауреат, хрватскиот актер Драшко Зидар, кој „онлајн“ ќе ги следи изведбите на претставите.
На ФКТ „Ристо Шишков“ се доделува само една награда за најдобро актерско остварување. Таа се состои од парична награда во износ од 1.500 евра, ланче и златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот, Ристо Шишков.
На отворањето присуствуваа ограничен број на гости, кои седеа според протоколите за заштита и безбедност од ковид-19.
Во рамките на фестивалот планирано е на 11 септември да се одржи и етно концерт насловен „Беломорско патување“ на струмичанецот Филип Ричлиев и пријателите.