Струмичанецот Сократ Ефтимовски добитник на државната награда „8-ми Септември“

Вторник, 08 Септември 2020

Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска по повод Денот на независноста беа врачени традиционалните награди „8-ми Септември” со кои им се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за нивната работа и остварувањата.

Меѓу петте добитници е и струмичанецот Сократ Ефтимовски за остварување во областа на спортот (борење) во 2020 година. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот ја доби Љуљзим Вренези.

Сократ Ефтимовски е роден 1949 година во Зубово, струмичко. Целиот свој живот е со борењето со посебен акцент на грчко-римскиот стил. Во период кога македонските борачи освојуваа олимписки, светски и европски медали, во слободен стил, тој беше убедливо првата личност во грчко-римскиот стил. Спортист во поранешна Југославија, меѓу најдобрите во својата категорија, повеќе од 10 години репрезентативец. Основач е на боречкиот клуб „Извор“ во Струмица, кој повеќе од 25 години беше на чело. Долгогодишен селектор на македонската боречка репрезентација, во грчко-римски стил, учесник на голем број светски и европски првенства. Во последните две години е на функцијата спортски директор во боречката Федерација на Македонија. Сократ Ефтимовски е спортист на векот на Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмичката болница, нов директор е доктор Катерина Кузмановска

Доктор Наќе Гогов разрешен од функцијата директор на струмич…

Јан 21, 2021 Вести

Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев повторно е избран да ја претставува Македон…

Јан 20, 2021 Магазин

Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Јануарските пензии зголемени од 134 до 185 денари, ќе се исп…

Јан 20, 2021 Вести

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Од утре рестораните и кафетериите ќе работат до 21 часот

Јан 20, 2021 Вести

Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2021 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ во Струмица

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на…

Јан 19, 2021 Вести

На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во домашни услови

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица во д…

Јан 19, 2021 Веб Билборд

Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2021 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...