Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица.
Како што кажа министерот Чулев, тука е за да им укаже на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и во крајна линија ќе има негативен меѓународен мониторинг.
Тој информираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на било какви политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.
Од раководството на СВР Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот Васко Тодоров и дополнителниот заменик началник Танчо Пројковски и се испратени до главниот Оперативен штаб.
„Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните избирачкото право да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање“ – кажа министерот Чулев.
.
.
Фев 28, 2021 Вести
Од понеделник започнува да функционира Мобилната амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“, кој е...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Во последните 24 часа од направените 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои 16 во Струмица. Починале 7 лица, еден и во Стр...
Фев 27, 2021 Вести
„СДСМ го заврши процесот на реевиденција и активна регистрација на членството усешно и во духот на демократските процеси. Над 80.000 членови се ажурир...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека синоќа околу полноќ, по претходна пријава, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Млади...
Фев 27, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 01:00 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на ...
Фев 27, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од продавачка, девојка за примање на „онлајн“ нарачки и момче фотомодел за промоција на машка облека. Пријавува...
Фев 26, 2021 Вести
Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска нес...
Фев 25, 2021 Вести
Вчера жители на селото Старо Коњарево, општина Ново Село, на падините на Беласица кај месноста „Дебел бук“, ги спречија работниците на ЈП „Национални ...