Унијата на жени ја одбележа 22-годишнината од основањето, но и 30-от роденден на струмичкиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Четврток, 09 Јули 2020

Роденденски, свечено, синоќа во големиот Градски парк во Струмица, покрај езерцето, во пријатен амбиент и опуштена атмосфера на отворено, струмичките жени од партијата ВМРО-ДПМНЕ ја одбележаа 22-та годишнина од основањето на Унијата на жени во Струмица, но и 30-тата годишнина од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, основан на 8 јули.

На свеченоста присуствуваше и сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Рози, инаку струмичанка.

„Струмица е мојата неразделна приказна, мојот роден дом и семејство, роднини и пријатели, тука е мојата гимназија. Посебно ми претставува задоволство што вечерва пред мене гледам жени кои победуват во своите битки, семејни и лични, храбри девојки и сопруги спремни во свои раце да го носат водењето на работите во заедницата. Политиката е составен дел од мојот живот. Секој ден додава задача во улогата: да бидам сопруга и мајка според дадениот завет, да бидам советник кога тоа се може, поддршка кога тоа се бара, да бидам заштитник во молитвите, да ги стегам палците за секој мал, но битен успех на децата. И немам проблем да се справам со ниту еден предизвик, ниту нешто може да ме расколеба во одот на денот. Ние, тоа го учевме од нашите мајки, ние сето тоа го знаеме од нашите баби. Колку пати сме си рекле: исправи се? Колку примери сме земале од нашата Македонија - за да се исправиме? Затоа како професор и македонист се радувам кога се обраќаме до татковината: исправи се Македонијо, сега ние сме тука“, кажа во своето поздравно обраќање, Рози Мицкоска.

Претседателката на Унија на жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тања Достинова Запрова во своето обраќање кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се покажа како единствена и чиста опција која може да создава вредности, не само за сегашните, туку и за идните генерации.

„Ние искуствата умееме да ги преточиме во архитектура, во уметност, во екологија, ние Македонија знаеме да ја пресоздаваме. Да изгледа секогаш горда, да има најдобри патишта и училишта, да ги постигнува најдобрите резултати во спортот и да се радува. Тоа е Македонија на ВМРО-ДПМНЕ. Умееме многу да патиме заради Македонија. Многумина во затворите, многумина без работа и различни судбини но, ние не се откажуваме. Нашата намера е да го вратиме достоинството на татковината, да започнеме процес на обнова во кој ќе подадеме рака на секој кој умее да покаже квалитет, секој кој умее да даде добар совет и секому кој ни посакува успех на патот кон обновата“ – кажа Достинова Запрова, повикувајќи ги жените на 15 јули да излезат масовно на изборите и да го заокружат број 14, да победи ВМРО-ДПМНЕ и да започне обновата.

Пред присутните говореа и еден од основачите на Унијата на жени во Струмица, Љубица Ангелова, поранешната претседателка на Унијата на жени, Софче Дафчева, како и кандидатките за пратеници од Струмица во Изборната единица 4, Ели Панова и д-р Јадранка Поцкова. На свеченоста присуствуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Донев и потпретседателот на Унија на млади сили, Владимир Ристов и кандидат за пратеник.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...