Шест од 83 избирачки места во општина Струмица ќе бидат преместени на новии локации

Среда, 08 Јули 2020

Шест од 83 избирачки места во општина Струмица ќе бидат преместени на новии локации, бидејќи не ги исполнуваат условите за заштита од Ковид-19 при гласање за претстојните Праламентарни избори закажани на 15 јули, информираше претседателот на Општинската изборна комисија, Томислав Андреев.

Станува збор за избирачките места: 1718 (Детска градинка), ќе се гласа во ОО на Црвен крст, 1738 (Четврта месна заедница) ќе се гласа во СОУ „Јане Сандански“, 1741 (Петта месна заедница) ќе се гласа во ООУ „Сандо Масев“, двете избирачки места од Седма месна заедница ќе се гласа во ООУ „Видое Подгорец“ и 1753 (Осма месна заедница) ќе се гласа во истото училиште „Видое Подгорец“.

Андреев информираше дека гласањето на 15 јули (среда), од 07:00 до 21:00 часот ќе се реализира според протоколите за заштита од Ковид-19. Задолжително е носење на заштита маска за секој граѓанин кој ќе дојде да гласа, одржување на растојание од 1,5 до 2 метри надвор од гласачкото место, додека се чека ред, а внатре на гласачкото место ќе се пуштат до двајца граѓани за гласање. При влез и излез ќе има средства за дезинфекција на рацете.

Лицата во самоизолација и заразени со коронавирус ќе гласат во понеделник, 13 јули, додека хронично болни и немоќни лица ќе гласат во вторник, 14 јули. Овие лица за гласање треба да се пријават најдоцна до вечерва до полноќ (среда, 8 јули, 23:59 часот).

Државната изборна комисија изработи посебна интернет страница преку која лицата кои се во домашен карантин или на кои им е одредена мерка за самоизолација поради коронавирусот можат да се регистрираат за гласање на претстојните Парламентарни избори.

Граѓаните регистрирањето можат да го направат целосно електронски, а при пријавувањето од нив ќе биде барано електронски да достават копија од личната карта и копија од решението за карантин или самоизолација, издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат.  За полесно прикачување на бараните документи, од ДИК препорачуваат веб апликацијата граѓаните да ја користат од нивниот мобилен уред, со кој при пополнувањето на податоците на едноставен начин, преку сликање на копиите од документите, ќе може да се прикачат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...