Од Општина Струмица со реакција на денешната прес конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ

Вторник, 07 Јули 2020

„Факт е дека жителите во населбата Софилар, имаат проблеми, но факт е и дека Општина Струмица прави се истиот да го реши“, велат од Општина Струмица како реакција на денешната прес конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште во декември 2017 година се одржа средба со жителите со цел да се забрза процесот со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, доставувањето на елаборатите за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот.

Иако доставувањето на елаборатите не се одвиваше според договореното, сепак легализацијата на бесправно изградените објекти е веќе завршена, по што е завршена и постапката за носење на Деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

Направена е нова ажурирана подлога со снимање на сите изградени објекти, планската програма е усвоена и за десетина дена планот ќе биде изложен на јавна презентација.

Во меѓувреме, Општината работи на изготвување на проект за инфраструктура и основен проект за изведба на патната инфраструктура во оваа населба.

Со изработка на алатката Урбана Ревизија во која се одредени реалните потреби на граѓаните по населени места, каде како „приградска населба“ се одделуваше токму населбата Софилар, Општина Струмица аплицираше и обезбеди грант од Светска банка за реализација на планираните проекти за оваа населба.

Ова значи дека во изминатите 2,5 години Општина Струмица не ги игнорираше жителите од Софилар и нивните проблеми, напротив, работеше на целосното завршување на започнатата постапка за легализација на бесправно изградените објекти и донесувањето на Деталниот урбанистички план, што е единствен услов за изградба на целокупната инфраструктура којашто ќе им обезбеди подобри услови за живот – стои во писмената реакција на Општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Тешко повреден траксторист, излетал од патот и паднал во дол

Тешко повреден траксторист, излетал од патот и паднал во дол

Авг 10, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 07:30 часот, на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В. (31...

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 200 новозаболени во државата

Новозаболен со ковид-19 во Струмица, во последните 24 часа 2…

Авг 08, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа во Македонија, од направените 1828 тестирања, регистрирани се 200 нови лица позитивни на ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струм...

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...