Испечатете ја страната

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во Струмица, гневен на институциите околу изградба на рудникот кај Иловица

Недела, 05 Јули 2020

Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, Стојан Велков Трн, го изрази својот револт поради ситуацијата со рудникот или како што напиша тој на Фејсбук, нефункционалноста на сите чинители во овој процес.

Ова лично незадоволство, како што најави Велков, ќе го прави секој ден од 20:00 до 21:00 часот на струмичкиот плоштад со различен слоган во раце. Во својата објава на Фејсбук тој напиша дека овој чин е негов личен крик против како што вели, нерешавањето на прашањето со рудникот. Тој порача дека неговата акција нема политички цели и кампањи.

„Ова ќе биде мој личен бунт против сите чворови кои ги ствараат политичките чинители кои, и покрај сите правни и еколошки недоследности за сулудиот потенцијален проект рудникот за злато и бакар „Иловица - Штука“, не најдоа за сходно да стават точка и да го решат еднаш засекогаш тоа прашање“, напиша Велков. 

Нему му се приклучија уште неколку активисти кои дојдоа со свои транспаренти, меѓу кои и неговата колешка, актерката Оливера Аризанова Мансбарт.

Инаку, од Еколошкото здружение „Здрава котлина“ побараа објаснување од државата зошто се уште ја нема обжалено пресудата на Управниот суд во врска со рудникот. Со неа, се поништува решението на Второстепената комисија за одлуката на Министерството за економија за одбивање на издавање на дозвола за експлоатација на концесионерот „Еуромакс Ресурси“. Тие се сомневаат дека никој досега не направил жалба, ниту пак планира да достави жалба до Виш управен суд.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија во Добрејци

Утре од 09:30 до 12:00 часот прекин на електричната енергија…

Сеп 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 24 септември), од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите и...