Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, Стојан Велков Трн, го изрази својот револт поради ситуацијата со рудникот или како што напиша тој на Фејсбук, нефункционалноста на сите чинители во овој процес.
Ова лично незадоволство, како што најави Велков, ќе го прави секој ден од 20:00 до 21:00 часот на струмичкиот плоштад со различен слоган во раце. Во својата објава на Фејсбук тој напиша дека овој чин е негов личен крик против како што вели, нерешавањето на прашањето со рудникот. Тој порача дека неговата акција нема политички цели и кампањи.
„Ова ќе биде мој личен бунт против сите чворови кои ги ствараат политичките чинители кои, и покрај сите правни и еколошки недоследности за сулудиот потенцијален проект рудникот за злато и бакар „Иловица - Штука“, не најдоа за сходно да стават точка и да го решат еднаш засекогаш тоа прашање“, напиша Велков.
Нему му се приклучија уште неколку активисти кои дојдоа со свои транспаренти, меѓу кои и неговата колешка, актерката Оливера Аризанова Мансбарт.
Инаку, од Еколошкото здружение „Здрава котлина“ побараа објаснување од државата зошто се уште ја нема обжалено пресудата на Управниот суд во врска со рудникот. Со неа, се поништува решението на Второстепената комисија за одлуката на Министерството за економија за одбивање на издавање на дозвола за експлоатација на концесионерот „Еуромакс Ресурси“. Тие се сомневаат дека никој досега не направил жалба, ниту пак планира да достави жалба до Виш управен суд.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display