Лицето Орце Ѓоргиевски кажа лаги и невистини, вели градоначалникот Коста Јаневски и најавува тужба против него

Недела, 28 Јуни 2020

Како Градоначалник на општина Струмица најостро ги отфрлам изнесените лаги и манипулации на денешната прес-конференција, со која за партиски цели се прави обид да се стави дамка врз работата на општина Струмица, вели во денешното писмено обраќање градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, како реакција на денешната прес конференција на Орце Ѓоргиевски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Сите постапки за јавни набавки кои се спроведени од моментот кога сум избран за Градоначалник до денес, се спроведени транспарентно, со постапка која обезбедува конкуренција меѓу економските оператори, со еднаков третман на економските оператори, и целосно почитување на начелата за рационално и ефикасно користење на средствата на Општина Струмица

Во Општина Струмица работат само градежните фирми кои ќе понудат најниска цена за изведба, независно од партиската припадност на нивните сопственици. Сите склучени договори за набавки се јавно објавени и сите граѓани можат да ги погледнат на интернет страната на Бирото за јавни набавки. Сите исплатени финансиски средства по основ на завршени договори се исто така јавно објавени и истите можат да ги следат на веб страната Отворени финансии. Токму поради овие причини нема потреба од манипулации, лаги и деструкција.

Наводите во прес-конференција на лицето Орце Ѓоргиевски се невистинити, не одговараат на фактичката состојба, и со истите се обидува да се нанесе штета на честа и угледот на Општина Струмица. Поради овие причини, го повикувам лицето Орце Ѓоргиевски, во рок од 48 часа, јавно да се извини за изнесените лаги и невистини. Во спротивно, Општина Струмица ќе поднесе тужба против споменатото лице, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Економскиот оператор “Дикор ЦД” кој e споменат на прес-конференцијата, ниту има добиено 70 јавни набавки, ниту пак нивната вредност е 61.000.000 денари. Лажна вест се и објавените информации дека Општина Струмица во февруари и во април оваа година склучила договори со оваа фирма во вредност од 16.000.000 денари. 

Ги информирам граѓаните дека “Дикор ЦД” во 2020 година има добиено една набавка за крпење на ударни дупки, а во 2019 година една набавка за асфалтирање на улици. Вкупната вредност на реализирани финансиски средства по основ на овие договори е 3.000.000 денари. Наведената информација е јавно објавена и достапна на увид на сите граѓани на порталот Отворени финансии. 

Го повикувам и погореспоменатото лице, да си ја спроведува сопствената предизборна кампања без да нанесува штета на честа и угледот на Општина Струмица.

Општина Струмица и понатаму ќе продолжи да го почитува начелото на еднаков третман на економските оператори, независно од нивната политичка припадност, вклучително и кретириумот најниска цена - стои во реакцијата на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

    """""""""""""""""""""""""""""""""""""

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...