На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

Вторник, 02 Јуни 2020

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар Влахов“ и 544 во СОУ „Никола Карев.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година (вторник и среда), а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни. Второто запишување е на 24 и 25 јуни, резултатите ќе бидат објави на 26 јуни, додека третиот упис ќе биде на 29 јуни, а резултатите ќе се објават наредниот ден.

Во СОУ „Јане Сандански“, според објавениот конкурс за упис во прва година, во Гимназиско образование се планирани 238 ученици распоредени во седум паралелки, додека во Економско-правна и трговска струка, 136 ученици во четири паралелки - економски техничар.

Во СОУ „Димитар Влахов“, исто така 374 ученици во 11 паралелки и тоа: во Земјоделско-ветеринарна струка 170 ученици во пет паралелки, Хемиско-технолошка струка, 102 ученици во три паралелки и во Здравствената струка, 102 ученици во три паралелки.

Во СОУ „Никола Карев“ се планирани 544 ученици во 16 паралелки од кои 136, или четири паралелки за Машинска струка, 68 ученици или две паралелки за Текстилно-кожарска струка, во Електротехничката струка се планира пет паралелки со 170 ученици, во Сообраќајната струка, 68 ученици во две паралелки, во Шумарско-дрвопреработувачката струка 34 ученици и една паралелка и во Градежно-геодетска струка, 68 ученици распоредени во две паралелки.

Уписот и применот на новите средношколци ќе се реализира по строго утврдени правила како мерки за заштита од коронавирусот. Пред влезот на училиштата ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете. Учениците влегуваат со заштитна маска во ред со задолжително растојание од 2 метри. Родители нема да се пуштат во училиштата, тие ќе можат да ги чекат надвор пред училишната зграда.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...