Денеска 76 новозаразени, еден починат

Вторник, 02 Јуни 2020

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Куманово, Велес и Гостивар и по еден во Штип, Кочани, Пробиштип, и Кратово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти. Во Скопје 12, Тетово 11, двајца во Куманово и еден во Гостивар.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Струга на 56-годинашна возраст, примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информирајќи за состојбата со коронавирусот КОВИД-19 во земјата, во однос на рестриктивните мерки, коишто беа најавени во текот на вчерашниот ден, Комисијата ги разгледува, се уште нема одлука, се следат информациите, бројките од денеска, ќе се следат и во текот на следните денови.

Филипче упати апел до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој не постои нема да помогне во надминувањето на состојбата, нагласувајќи дека секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата, маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на рацете, се единствениот механизам којшто може да  нè заштити и како поединци и како општество.

„Граѓаните кои се одговорни, кои доследно се придржуваат до овие мерки, треба да бидат пример за сите останати поради тоа што рестрикциите и повторното затворање се непожелни, и ние може да ги избегнеме само доколку се однесуваме дисциплинирано и ги прифатиме овие нови правила кои што впрочем не се само во нашата земја, туку и во сите други земји во регионот, во Европа, практично во целиот свет. Во контекст на Комисијата за заразни болести, таа интензивно работеше, анализираше податоци, секој изминат ден, кумулативно, две консекутивни недели врз основа на тоа се димензионираа мерките и се разгледува можноста за враќање на рестрикциите. Но, како што кажав одлука за тоа ќе се носи врз основа на податоците, анализа на тоа од каде доаѓаат позитивните случаи, пациентите, дали ги знаеме контактите. Во Комисијата членуваат врвни експерти кои имаат огромно искуство, и во својот професионален делокруг на делување, и покрај редовните обврски како епидемиолози, инфектолози и понатаму, интернисти, лекари, даваат несебичен придонес во оваа работа. Искуството, членовите на Комисијата го црпат и од справувањето со претходни епидемии и пандемии, минатата година во нашата земја, меѓутоа и други пандемии како онаа на САРС, кога впрочем се изготвени и многу протоколи. Секогаш со препораки и соработка со Светската здравствена организација, протоколите се користеа и на почетокот на оваа епидемија, кај нас нормално се модифицираа согласно карактеристиките на болеста, но нивната експертиза помогна многу да се имплементираат. Многу пати досега, спомнавме дека и граѓаните се еден од најважните делови од целокупниот систем, влогот на граѓаните, поддршката на институциите се клучни во справување, како со други така и со оваа кризна состојба која го погодува целото општество. Сите сме засегнати, и како поединци, и како држава, и сите придонесуваме во решавањето на овој проблем“, посочи министерот Филипче.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓу кои и во Струмица

Во 16 градови ќе се формираат регионални „Ковид-центри“, меѓ…

Јул 10, 2020 Вести

Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид-...

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земјава регистрирани дури 205 нови случаи

Уште една струмичанка позитивна на Ковид-19, денеска во земј…

Јул 10, 2020 Вести

Во последните 24 часа во земјава се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравств...

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Еленица“

Донација за новото крило на струмичката болница од ИГМ „Елен…

Јул 10, 2020 Вести

Електрични кревети, отомани за преглед, натказни и друг медицински инвентар и опрема денеска беа донирани во новото крило на ЈЗУ „Општата болница“ во ...

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Приведено 24-годишно момче кај кого е пронајдено марихуана

Јул 10, 2020 Вести

Вчера во 10:30 часот, врз основа на Наредба на Основен суд Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле претрес во...