Во општина Струмица нема заболени со коронавирусот, тврди градоначалникот Коста Јаневски

Недела, 05 Април 2020

Министерството за здравство во вкупната бројка на заболени по градови, денеска објави дека во Струмица има двајца позитивни на коронавирусот, до вчера беше само еден, иако во денешниот извештај за изминатите 24 часа од 72 позитивни во државата, по градови во Струмица нема.

Веднаш по објавувањето на информацијата побаравме одговор од Министерството за здравство, но до овој момент се уште нема информација од каде дополнително уште еден денеска е на листата позитивни со коронавирус во Струмица.

Одговор на ова пред малку на Фејсбук објави градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Вели дека во неговата општина нема ниту еден докажан позитивен пациент со коронавирус, ниту првиот од пред една недела не е од општината Струмица.

„Двата случаи регистрирани во статистиката на Министерството за здравство, се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашна изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово“ – напиша градоначалникот Јаневски.

Тој на своите сограѓани им се заблагодарува за дисциплината и одговорноста кои ги покажаваат во овие вонредни околности. Ги охрабрува и понатаму да се однесуваат уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки.

„Со мерките коишто ги презема општина Струмица и Вашата поддршка, заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува“ – напиша Јаневски со апел да се почитуваат мерките и препораките од надлежните институции кои се најсилното оружје во борбата со коронавирусот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Мај 28, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска (четврток, 28 мај), до 13.00 часот, поради изведба на водоводната мрежа без водоснабдување ќе би...

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...