Завршните оценки за ова учебна година учениците ќе ги добијат според покажаните резултати додека беа на училиште

Вторник, 31 Март 2020

Доколку ситуацијата не дозволува учениците да се вратат во училниците до крајот на тековната наставна година, завршните сумативни оценки ќе бидат засновани на резултатите што ги постигнале учениците во текот на целата година, преку редовната настава, како и преку активно учество на онлајн-платформите и мрежите, е-портфолиото.

Ќе се засноваат и на други начини за бележење на нивните трудови – белешки водени од наставниците, кои можат да се добијат преку разни видови размена на трудови (домашна работа, вежби и проверки, есеи, проекти, презентации, цртежи, слики и др.), кои учениците може да им ги обезбедат на наставнците преку е-пошта или преку избрана мрежна платформа.

Сите формативни оценки и согледувања на наставникот во текот на реализацијата на онлајн-наставата ќе се користат за формирање на сумативна оценка за третото тримесечје на секој ученик во паралелка. Оценките за третото тримесечје (описни за ученците од прво до шесто и бројчани за ученици од седмо до деветто одделение), наставникот ги внесува во соодветниот  Евидентен лист (објавен на веб-страницата на Бирото за развој на образованието).

И во основното и во средното образоване, наставникот ќе ги користи оценките од првото тримесечје, првото полугодие и третото тримесечје за да ја формира оценката на крајот на наставната година. (кај основците – описна оценка за учениците од прво до трето и бројчана за учениците од четврто до деветто одделение). Сите оценки за време на вонредната состојба наставниците ги внесуваат во Е-дневник.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги на 076/483-338

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги…

Мај 26, 2020 Вести

Бројот на Противпожарната единица во Струмица - 193 не е во функција поради дефект. Од таму информираат дека за итни случаи, пожар или друга непогода...

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итни случаи користете го мобилниот број 076/290-160

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итн…

Мај 26, 2020 Вести

Посебниот број на Итната медицинска помош 194 во моментот не функциониа поради дефект и не се знае кога ќе биде ставен во функција, информира директор...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...