Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Сабота, 28 Март 2020

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното одделение и дека тие се првите заболени од коронавирус во Струмица. Министерството за здравство со денешната статистика за изминатите 24 часа ги демантираше овие тврдења на некои струмичани.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот изнесува 241 лице - стои во соопштението на Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 143, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат, Штип – 8, Прилеп – 8, Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои 1 починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.

Утрово почина една пациентка на 66-годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар (13 март), биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од таму заболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација.

Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Заради ова, Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Мај 28, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска (четврток, 28 мај), до 13.00 часот, поради изведба на водоводната мрежа без водоснабдување ќе би...

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги на 076/483-338

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги…

Мај 26, 2020 Вести

Бројот на Противпожарната единица во Струмица - 193 не е во функција поради дефект. Од таму информираат дека за итни случаи, пожар или друга непогода...