Костадинов: Почнува реализација на економските мерки, бескаматни кредити за фирмите, мирување од 3 месеци за извршителски дејствија

Четврток, 26 Март 2020

Институциите, државата прават се да го обезбедат здравјето на граѓаните, но и да ги ублажат последиците од економската криза. СДСМ како одговорна партија водена од интересите на граѓаните и државата, веќе предложи низа мерки за справување со економските последици од коронавирусот – кажа на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ и екс-пратеник од Струмица, Костадин Костадинов.

Според Костадинов, додека институциите прават се за да го заштитат здравјето на граѓаните, за да ја помогнат економијата, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири лажни вести и заради политички цели се обидува да шири паника и вознемиреност кај граѓаните во време на здравствена криза. Нивното такво однесување ќе го ценат граѓаните.

Почитувани,

Владата веќе ги донесе првите мерки кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и стопанството полесно да се справат со штетите предизвикани од коронавирусот.

Развојната банка на Северна Македонија веќе објави јавен повик за доделување бескаматни кредити на микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата. Компаниите ќе имаат можност да добијат бескаматен кредит од 3 до 30 илјади евра со грејс период од 6 месеци.

Донесена е Уредба со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

Со неа е се олеснува финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Тоа значи дека оние кои се погодени коронакризата имаат можност од грејс период односно да не плаќаат рати за кредитот во следните три месеци. Се разбира, оние кои не се погодени ќе продолжат да плаќаат и треба да продолжат да плаќаат редовно како и досега.

Извршителските дејствија се ставени во мирување. Тоа значи дека извршителите нема да извршуваат се до 30 јуни.

Затезната камата се намалува двојно, односно таа ќе се пресметува и наплатува во висина од 0,015% за секој ден задоцнување, наместо 0,03% како што уредува Законот.

Почитувани, ова се мал дел од мерките што имаат за цел пресретнување и намалување на штетите од економската криза која го зафаќа целиот свет.

Но за кризата побрзо се надмине потребни се уште посилни и уште поефикасни економски мерки, насочени кон заштеда и поголема помош за граѓаните.

Затоа, апелираме до Владата, да донесе одлука за кратење на платите на функционерите, министрите, раководителите, градоначалниците, директорите и на вработените во јавниот сектор на 14.500 денари во месеците април и мај.

Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите и членовите на Управните и Надзорните одбори на институциите формирани од централната и локалната влас да не земаат надоместоци за месеците април и мај.

Сите средства од оваа заштеда да одат во фонд за справување со кризата од каде ќе им се помага на работниците и стопанството.

За сите приватни фирми погодени од кризата владата да помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14.500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок.

Почитувани,

Од економската криза ќе излеземе победници само ако сите заедно понесеме дел од товарот. Сега е време за солидарност, за меѓусебно помагање.

Да се чуваме, да се помагаме, затоа што само така ќе успееме – изјави на прес конференцијата Костадинов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките …

Мар 28, 2020 Вести

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното оддел...

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Мар 28, 2020 Магазин

Видео од концертот на Ансамблот „Танец“ одржан на 22 мај минатата година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. „На вас е само да ОСТАНЕТЕ ДОМА! „Танец“ ...

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмиц…

Мар 28, 2020 Вести

На денешен ден пред 5 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски. „Иван Василевски од зборот нап...

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозволи за движење во време на полициски час, останатите ќе мора

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозв…

Мар 27, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделс...

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави непочитување на мерките за КОВИД-

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави…

Мар 27, 2020 Вести

Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно...

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Мар 27, 2020 Вести

Десет граѓани од Струмица и Радовиш ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираше СВР Струмица. Според нивното известу...

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви кули“ над Струмица

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви ку…

Мар 27, 2020 Вести

Во почетокот на месец јуни ќе продолжи реконструкцијата и реставрација на Царевите кули над градот Струмица. Ова на својот Фејсбук профил го објави гр...

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

Мар 27, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова...