Тројца пожарникари со полесни повреди во гасењето на пожарот кај старата струмичка касарна

Среда, 25 Март 2020

Тројца пожарникари од ТППЕ Струмица се полесно повредени при гасењето на пожарот кој синоќа избувна кај старата струмичка касарна. Од струмичката пожарна информираат дека двајца од пожарникарите се пренесени на лекување во болницата во Струмица, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

Во пожарот кој избувна во зградата во која се сместени ТВ Канал ВИС, просториите на еден текстилен погон, како и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица, струмичката пожарна одговорила со пет возила и 25 пожарникари. По првичната дојава на местото било испратено едно возило со екипаж од пет пожарникари, а поради сериозноста на пожарот синоќа противпожарната служба направила мобилизација и дополнително биле ангажирани 4 противпожарни возила и уште 20 пожарникари.

Пожарот избувна синоќа во 2 часот по полноќ, а струмичките пожарникари се бореле со истиот седум часа, така што истиот во 9 часот утринава бил ставен под контрола и целосно ливкидиран.

Во пожарот за среќа нема други повредени, но направена е голема материјална штета.

Од регионалната ТВ Канал ВИС информираат дека телевизиските екипи и понатаму ќе продолжат да работат на терен и редовно ќе известуваат, а вестите ќе бидат емитувани преку интернет, од официјалниот Јутјуб канал на телевизијата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките …

Мар 28, 2020 Вести

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното оддел...

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Мар 28, 2020 Магазин

Видео од концертот на Ансамблот „Танец“ одржан на 22 мај минатата година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. „На вас е само да ОСТАНЕТЕ ДОМА! „Танец“ ...

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмиц…

Мар 28, 2020 Вести

На денешен ден пред 5 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски. „Иван Василевски од зборот нап...

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозволи за движење во време на полициски час, останатите ќе мора

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозв…

Мар 27, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделс...

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави непочитување на мерките за КОВИД-

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави…

Мар 27, 2020 Вести

Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно...

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Мар 27, 2020 Вести

Десет граѓани од Струмица и Радовиш ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираше СВР Струмица. Според нивното известу...

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви кули“ над Струмица

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви ку…

Мар 27, 2020 Вести

Во почетокот на месец јуни ќе продолжи реконструкцијата и реставрација на Царевите кули над градот Струмица. Ова на својот Фејсбук профил го објави гр...

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

Мар 27, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова...