Се воведува национална платформа за поддршка на далечинско учење, МОН со препорака до училиштата да ја применуваат

Вторник, 24 Март 2020

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија донесе уредби со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните и јавните научни установи да организираат далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација и тоа да се спроведува во овој период кога е прогласена вонредна состојба. За овие новини во областа на образованието денес на прес-конференција информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Согласно уредбите секоја образовна установа индивидуално треба да одлучи за формата на далечинско учење која ќе ја примени, земајќи ги предвид можностите на сите вклучени страни во образовниот процес за користење на одредено/одредени средства за електронска комуникација – видео конференциски платформи, електронска пошта и слично, кои обезбедуваат взаемна двонасочна комуникација и настава без физичко присуство на засегнатите. Наставниот кадар е должен за време на далечинското учење да реализира настава, да организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.

Адеми информираше дека во најголем дел, високообразовните и јавните научни установи веќе применуваат одредени платформи за далечинско учење, така што, како што посочи, предизвикот во делот на високото образование е помал во однос на предизвикот на основните и средните училишта.

„Ние препорачуваме примена на унифицирана национална веб платформа која се изработува во моментов од страна на Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Британската амбасада, наречена е Е-училница, а која ќе биде достапна веќе од утре“, рече Адеми, додавајќи дека платформата наменета за основните и средните училишта, се изработува по примерот на платформи за далечинско учење од земјите во регионот кои се покажуваат како практично применливи и ефективни, а како најдобар пример ја посочи Република Хрватска.

„Платформата чија употреба е едноставна, ќе понуди видео лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Видео лекциите ќе бидат во траење од 15-тина минути и ќе бидат придружени со презентација и нарација/објаснување од наставник, односно наставничка што ќе покаже интерес и ќе се пријави за оваа цел“, нагласи Адеми.

Адеми посочи дека МОН веќе ги извести сите основни и средни училишта за оваа национална платформа за далечинско учење, со апел до наставниците да се вклучуваат во пополнувањето на истата и информираше дека до овој момент се имаат пријавено околу 600 наставници, а бројката од ден во ден постојано расте.

„Со задоволство информирам дека веќе пристигнуваат видео лекции. Имаме пријави за над 1000 лекции, а пристигнати се досега околу 400 лекции. Истите се проверуваат од содржински аспект и се внимава да не се повторуваат, односно за една тема од учебник да има една лекција. Секако очекуваме бројката драстично да расте во следните денови, а во меѓувреме апелираме на трпеливост до целосно пополнување со содржини за сите одделенија и по сите предмети“, нагласи Адеми.

Линкот до оваа прва национална платформа за далечинско учење во земјата е www.eduino.gov.mk.

Граѓаните можат да доставуваат предлози и препораки до Министерството за образование и наука во насока на евентуално подобрување на функционалноста на платформата во иднина, со што, како што рече Адеми би се обезбедил траен систем за далечинско учење кој ќе остане и ќе биде подготвен да се применува секогаш кога ќе има потреба од истиот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Вистинскиот тимски дух носи позитивни резултати: Интервју на „Женски Магазин“ со Елена Зетова, зонален менаџер во AVON

Вистинскиот тимски дух носи позитивни резултати: Интервју на…

Мај 22, 2020 Вести

Љубовта кон негувањето и декоративната козметика, како и верувањето дека AVON е вистинската отскочна даска за нејзино самореализирање, се првите причи...

Општина Струмица ги повикува економските оператори – маркети кои планираат да доставуваат продукти до граѓаните да поднесат пријава

Општина Струмица ги повикува економските оператори – маркети…

Мај 22, 2020 Вести

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават ...

Дом за стари лица има потреба од медицински сестри

Дом за стари лица има потреба од медицински сестри

Мај 22, 2020 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри со работно искуство. Подетални информации и пријавување на: 075/499-1...

Карантинскиот викенд почнува во недела од 11:00 часот до вторник до 05:00 часот

Карантинскиот викенд почнува во недела од 11:00 часот до вто…

Мај 22, 2020 Вести

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на седницата која заврши пре...

Министерот Наќе Чулев во посета на СВР Струмица

Министерот Наќе Чулев во посета на СВР Струмица

Мај 22, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета со раководството на СВР Струмица на која беше информиран за безбедносната со...

Денеска потврдени 40 нови случаи на коронавирус во земјава

Денеска потврдени 40 нови случаи на коронавирус во земјава

Мај 21, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Во Скопје ...

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар

Мај 20, 2020 Веб Билборд

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар во Струмица. Подетални информации и пријавување на: 070/443-042...