Се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, се укинува царината на 13 медицински производи

Вторник, 24 Март 2020

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција во Владата презентираше нови мерки за справување со последиците од коронавирусот, Ковид-19.

Како што информираше министерот Бектеши, на седницата на Владата на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука за замрзнување на цените на потрошен медицински материјал, медицинска опрема и материјали, а беше донесена и одлука за укинување на царината на 13 медицински производи.

Донесена е исто така одлука за забрана за отворање стечај на фирма, а како што информираше Бектеши денеска до Владата е предложена уредба со која на Туристичките агенции ќе им се даваат ваучери за откажаните аранжмани.

„На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за укинување на царинската стапка на 13 медицински производи кои се увезуваат во делот на потрошен медицински материјал. Со оваа одлука 100 проценти се укинува царината за: етилалкохол со 80% содржина на алкохол и повеќе, етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, сапуни за тоалетна употреба, производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење и препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текстилни драперии кој се употребуваат при хируршки процедури, маски пластични со текстилен филтер, очила со стакла од пластични маси. Укинувањето на увозната давачка, царинската стапка на стоките ќе важи до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба“ - информираше Бектеши.

Во исто време како дополнување на одлуката која ја донесе Владата на 19 март, како што потенцираше министерот со која се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи и дезинфекциски средства, Владата на вчерашната седница ја дополни оваа одлука со што се замрзнуваат и цените на потрошен медицински материјал и медицинска опрема и материјали, на цената која што била утврдена на 11 март 2020 година кога Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија на коронавирусот, Ковид-19.

„Целта на ова дополнување е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои што во изминативе неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка кај граѓаните како средства за основна заштита од коронавирусот. Овие цени како и претходната одлука ќе се применуваат до 30 април 2020 година“ - кажа министерот.

Во делот на царината донесена е и уште една мерка која произлезе како барање на компаниите од месната индустрија. На предлог на Министерството за економија како што кажа Бектеши на вчерашната седница на Владата донесена е одлука за четири месеци да се продолжи рокот до кој месната индустрија ќе може да увезува замрзнато месо без царина, односно до 31 октомври.

„Исто така на предлог на Министерството за економија на седницата на Владата беше донесена одлука со која се забранува фирмите да одат во стечај за време на кризата со коронавирусот. Со одлуката се запира можноста за поднесување на предлог за поведување на претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба. Исто така, сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба“ - кажа министерот и додаде дека оваа одлука ќе се применува до траење на вонредната состојба и уште три месеци после тоа.

Министерот информираше и дека Министерството за економија до Владата доставила уредба со законска сила со која се предвидува издавање на ваучери на Туристичките агенции во вредност на сумата уплатена за аранжманот, кој бил откажан како резултат на кризата со коронавирусот.

„Со оваа мерка на Туристичките агенции што работат outgoing (појдовен) туризам ќе им се овозможи да издаваат Ваучери во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. На тој начин клиентите кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време Туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период“ - кажа Бектеши.

Според предлог уредбата, издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно Туристичката агенција и патниците. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите. Туристичките агенции кои нема да ги почитуваат условите за издавање на Ваучери, ќе добијат соодветни казни согласно законот за Туристичка дејност и Законот за прекршоци.

„Но, не само тоа. За поддршка на туризмот кој е најпогоден од кризата, на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП донесе одлука да ги ослободи од плаќање надоместок за музика рестораните, хотелите, кафулињата и другите корисници на музика со оглед на тоа што не работат во моментов. Заедно со Фондот за туризам кој веќе беше формиран и со останатиот пакет економски мерки на кој што интензивно работиме можам да кажам дека ќе бидат прифатени сите барања на туристичкиот сектор кој е најпогоден од коронавирусот“ - кажа министерот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Вистинскиот тимски дух носи позитивни резултати: Интервју на „Женски Магазин“ со Елена Зетова, зонален менаџер во AVON

Вистинскиот тимски дух носи позитивни резултати: Интервју на…

Мај 22, 2020 Вести

Љубовта кон негувањето и декоративната козметика, како и верувањето дека AVON е вистинската отскочна даска за нејзино самореализирање, се првите причи...

Општина Струмица ги повикува економските оператори – маркети кои планираат да доставуваат продукти до граѓаните да поднесат пријава

Општина Струмица ги повикува економските оператори – маркети…

Мај 22, 2020 Вести

Согласно Задолжението на Владата на Република Северна Македонија, се повикуваат сите економски оператори – маркети кои се заинтересирани да ги стават ...

Дом за стари лица има потреба од медицински сестри

Дом за стари лица има потреба од медицински сестри

Мај 22, 2020 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри со работно искуство. Подетални информации и пријавување на: 075/499-1...

Карантинскиот викенд почнува во недела од 11:00 часот до вторник до 05:00 часот

Карантинскиот викенд почнува во недела од 11:00 часот до вто…

Мај 22, 2020 Вести

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на седницата која заврши пре...

Министерот Наќе Чулев во посета на СВР Струмица

Министерот Наќе Чулев во посета на СВР Струмица

Мај 22, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета со раководството на СВР Струмица на која беше информиран за безбедносната со...

Денеска потврдени 40 нови случаи на коронавирус во земјава

Денеска потврдени 40 нови случаи на коронавирус во земјава

Мај 21, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Во Скопје ...

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар

Мај 20, 2020 Веб Билборд

Се бара момче/девојка за работа во кафе бар во Струмица. Подетални информации и пријавување на: 070/443-042...